BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Да запознаеме три руски писателки и поетеси за деца

март 10, 2021
in Актуелно
Да запознаеме три руски писателки и поетеси за деца

9 март, 2021 г. 

Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, по повод 8 Март организираше онлајн предавање посветено на руските писателки и поетеси за деца Агнија Барто, Елена Благинина и Ирина Токмакова, чии дела и до ден денес ги учат децата и возрасните на добрина и разбирање, ги развиваат имагинацијата и умеењето да се види прекрасното. Предавањето го одржа д-р Елена Обухова, соработник во Почесниот конзулат.

 

АГНИJA БАРТО

Вo февруари се навршија 115 години од раѓањето, а наскоро се навршуваат и 40 години од смртта на најпознатата советска детска поетеса – Агнија Барто (17 февруари 1906 – 1 април 1981), за која често велат дека е „врсничка на сите деца“. И тоа е вистина. Неколку генерации на руски деца знаат напамет многу стихотворби на поетесата.

Родена е како Агнија Љвовна Волова. Барто е презимето на нејзиниот прв сопруг, исто така поет за деца, Павел Барто.

Агния Барто учела во престижна гимназија, знаела странски јазици, но својата иднина не ја гледала во литературата, таа мечтаела да стане балерина, но откако целата балетска трупа заминала во емиграција, Агнија ја оставила таа идеја и се посветила на поетското творештво.

За време на Големата Татковинска војна семејството на Агнија Барто било евакуирано во Свердловск (Екатеринбург). Поетесата пишувала стихови, статии, прегледи со воена тематика. Еднаш ѝ дошла идеја да напише дело за децата и младинците кои работат во фабриката. Тогаш Барто изучила стругарски занает у се вработила во фабриката благодарение на што се појавило делото „Доаѓа ученикот“, посветено на децата и нивната напорна работа во годините на војната. Добиената парична награда таа ја дала за производство на тенкови.

И покрај големата лична трагедија која ја доживеала поетесата – нејзиниот син трагично загинал на 5 мај 1945 година, пред самиот крај на војната – Агнија Барто успеала да се соземе и да ја совлада болката. Наместо да се затвори во себе таа започнала бурна општествена дејност.

Во 1947 година Барто ја напишала поемата „Звенигород“ за децата-сирачиња од војната. Меѓу писмата од читателите имало и едно писмо од жена која била разделена од ќерка ѝ. Барто им го предала писмото на стручњаците кои се занимавале со барање на исчезнати луѓе и благодарение на тоа мајката и ќерката се пронашле една со друга.

После тоа Агнија Барто решила да организира радиоемисија „Да се најде човекот“, во која читала писма од луѓе кои ги изгубиле своите блиски за време на војната. Таа радиоемисија успеала да им помогне на стотици семејства. Дури после 8 години постоење на емисијата реката од писма почнала да се намалува. И тогаш излегла книгата „Да се најде човекот“, во која се содржани записи од дневникот на Агнија Барто и највпечатливите лични судбини на луѓето.

Поетесата е наградена со мноштво награди и премии, од кои најнеобична е полската награда – „Орден на насмевката“, награда за оние кои им носат радост на децата.

ЕЛЕНА БЛАГИНИНА 

Елена Александровна Благинина (27 мај 1903 — 24 април 1989) — руска советска поетеса и преведувачка, пишувач на мемоари, член на Сојузот на писатели на СССР.

Родена е на 27 мај 1903 год. во селото Јаковлево (денес Свердловски реон на Орловската област) во семејство на железнички службеник. Во периодот 1913—1922 година учела во  Курската Мариинска гимназија и во Курскиот педагошки институт. Во 1923 година заминала за Москва. Објавувала стихови од 1921 година. Во 1925 година завршила студии на Високиот литературно-уметнички институт окончила „В.Ј. Брјусов“ во Москва. Неколку години работела како дописник на весникот „Известија“.

Од 1933 година Елена Благинина е постојан автор, подоцна уредник на детските списанија „Мурзилка“ и „Затејник“. Во 1936 година излегле од печат нејзините први книги за деца  — „Есен“ и „Садко“.

Таа исто така пишувала и стихови за возрасни од кои повеќето биле отпечатени дури по смртта на поетесата и по распадот на СССР. Книгите со поезија, приказни и преводи на Благинина (преку 40) секогаш биле многу ценети. Писателот Корнеј Чуковски стиховите на Благинина ги нарекувал „чисто злато на поезијата“.

Благинина исто така преведувала детска поезија, најмногу на Л. М. Квитко, Т. Г. Шевченко, Ј. Тувим, приказни на М. Конопницкаја — од 1938 година има преведено преку 30 книги. Со почетокот на Големата Татковинска војна во творештвото на  Благинина се појавува воената тематика, со која писателката продолжила и во годините по војната како знак на признание и благодарност и во спомен на загинатите во војната. Во 1940-те години Елена Благинина станува една од водечките писатели за деца во СССР.

Елена Благинина починала на 24 април 1989 година во Москва.

На 27 декември 2018 година со решение на Свердловскиот реонски Совет на народни пратеници на иницијатива на Орловската обласна организација на Сојузот на писатели на Русија била востановена Годишна отворена награда за литература „Елена Благинина“.

ИРИНА ТОКМАКОВА 

Ирина Петровна Токмакова (родена Мануко́ва; 3 март 1929 — 5 април 2018) — советска и руска писателка за цеца, автор на образовни повести-сказни, стихотворби и пиеси за деца од претшколска возраст, автор на класични преводи на англиска и шведска народна поезија. Добитник на Државната награда на Русија за литературни дела за цеца и млади (за книгата „Среќен пат!“). Сопруга на ликовниот уметник – илустратор Лев Токмакова.

Родена е во Москва. Татко ѝ  Петар Карпович Мануков (Перч Карапетович Манукјан), ерменец, бил електроинженер, мајка ѝ Лидија Александровна Дилигенскаја, русинка, од свештеничко семејство, била детски лекар, раководела со дом за напуштени деца.

Уште од детството пишувала стихови, но сметала дека нема литературни способности и затоа ја избрала професијата лингвист. Во 1953 година завршила филолошки факултет на Московскиот државен универзитет, студирала на постдипломски студии по општа и компаративна теорија на јазикот. Истовремено работела како преведувач.

Поетските творби на  Токмакова се предвидени за слуховно восприемање затоа во нив е изразено фонетското доживување, со чести синтаксички, смисловни и лексички повторувања. Мотив кој често се среќава во творештвото на Токмакова е мотивот на тишината кој на свој начин ја дополнува динамиката на другите нејзини поетски творби.

Извонредната преведувачка, поет, автор на прекрасни книги на деца починала на  5 април 2018 година на 89 годишна возраст.

НУ Библиотека

Посетеност: 274
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post

Искрениот човек ја кажува вистината , а паметниот - во вистински момент

Поврзани вести

Денес е Светски ден на мајчиниот јазик

Денес е Светски ден на мајчиниот јазик

февруари 21, 2021
Утре промоција на „Стихописани слики“ од Митко Ц. Колјушевски

Утре промоција на „Стихописани слики“ од Митко Ц. Колјушевски

октомври 4, 2022
На денешен ден во 1893 година во Охрид починал Григор Прличев, поет и преродбеник од 19 век

На денешен ден во 1893 година во Охрид починал Григор Прличев, поет и преродбеник од 19 век

февруари 6, 2025

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 274

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?