4 декември 2020 г.
Во последниот месец од годината – декември, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со изложба на книги ги одбележува родендените на следните роднокрајни автори: Никола Јанев, Дејан Пановски, Ѓорѓи Тодоровски и Милчо Јованоски.
Се работи за индивидуалци – творци кои својот талент за пишување го насочиле во белетристиката, публицистиката и монографските изданија. Секој со свој печат и посебен стил.
Од библиотеката уште една најава.
Во понеделник 7 декември во пресрет на големиот празник Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид библиотеката ќе ги прогласи најредовните двајца читатели за 2020 во категориите ворасни и деца.
Поради Ковид мерките настанот ќе биде без посетители.
НУ Библиотека