BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Со трудот „Македонистот Волф Ошлис“ Милчо Јованоски учествуваше на Меѓународна конференција во рамките на „ III Мисиркови денови“

ноември 18, 2026
in Актуелно
Со трудот „Македонистот Волф Ошлис“ Милчо Јованоски учествуваше на Меѓународна конференција во рамките на „ III Мисиркови денови“

 На 16 и 17 ноември, во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во Скопје, се одржаа „III Мисиркови денови“, посветени на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков.

Во рамките на манифестацијата се одржа и Меѓународната научна конференција „Славистиката и македонистиката – историски и современ дискурс“, на која својот труд под наслов „Македонистот Волф Ошлис“ го презентираше и м-р Милчо Јованоски, виш библиотекар во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Еден од столбовите на македонистиката во последните шест децении е Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Меѓу стотиците слависти и македонисти што учествувале во неговата работа, значајно место зазема и германскиот славист, македонист и политиколог Волф Ошлис (1941–2026).

Во трудот Јованоски се осврнува на ставовите на Ошлис за историјата на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и културната посебност, како и за делото на Крсте Мисирков и Блаже Конески. Значајно место заземаат и преводот на Ошлис на капиталното дело „За македонцките работи“ од Мисирков, како и деталите поврзани со неговото издавање и печатење.

Говорејќи за Ошлис, кој почина неодамна, Јованоски откри дека неговиот интерес за Македонија бил толку голем што во својот дом чувал историски карти на Германија на кои била претставена и Македонија.

Ошлис од 1975 година редовно доаѓал во Охрид, на Летната школа, чиешто работење Јованоски, во својство на новинар и публицист, го следи од 1984 година до денес. Ставовите на Ошлис во трудот се разгледуваат врз основа на негови изјави и интервјуа објавени во медиумите, како и на личните сознанија и контактите на авторот Јованоски со него.

Мислата на Ошлис: „Еднаш Македонец, секогаш Македонец“ ја отсликува неговата долгогодишна поврзаност со Македонија, како и неговата посветеност на афирмацијата на македонскиот јазик, култура и државност во Германија и во светот, истакнува Јованоски.

На конференцијата учествуваа повеќе од 40 научници од земјава и од странство, меѓу кои и научници од Унгарија, Украина, Србија, Франција и Русија.

Идејата за манифестацијата „Мисиркови денови“ во 2024 година ја иницираше Институтот за национална историја, по повод 150-годишнината од раѓањето на Мисирков. Годинава, во организацијата беа вклучени и националните институти за македонски јазик, фолклор, литература и старословенска литература.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Посетеност: 699
Share32
Admin

Admin

Поврзани вести

Во Марибор се дискутира за иднината на Библиотеките и примената на COBISS системот

by Admin
ноември 18, 2026
0
Во Марибор се дискутира за иднината на Библиотеките и примената на COBISS системот

Денеска и утре во Марибор, Словенија се одржува Меѓународната конференција COBISS 2026 .Во македонската делегација предводена од директорот на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Јовица Никчевски е...

Read more

Почина д-р Симона Мартиноска, редовен професор на ФТУ и роднокраен автор од Охрид

by Admin
ноември 7, 2026
0
Почина д-р Симона Мартиноска, редовен професор на ФТУ и роднокраен автор од Охрид

Вчера, на 62-годишна возраст, почина д-р Симона Мартиноска, редовен професор на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид и роднокраен автор. „Со длабока тага и неизмерна почит се...

Read more

Уште три настани во рамките на „Месецот на книгата“

by Admin
октомври 30, 2026
0
Уште три настани во рамките на „Месецот на книгата“

Во рамките на програмата за одбележување на „Месецот на книгата“, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид најавува уште три културни настани, кои ќе се одржат од 2 до...

Read more

Утре промоција на новото издание на книгата „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски

by Admin
октомври 8, 2026
0
Утре промоција на новото издание на книгата „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски

    Утре, петок, со почеток во 10 часот, во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирано новото издание на книгата за деца...

Read more

Со песна и стихови како и пред две години и вчера во Охрид гостуваше МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска

by Admin
септември 26, 2026
0
Со песна и стихови како и пред две години и вчера во Охрид гостуваше МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска

    Вчера во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид гостуваше Македонското културно-уметничко друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска. На средбата беше претставено...

Read more
Next Post
Во Марибор се дискутира за иднината на Библиотеките и примената на COBISS системот

Во Марибор се дискутира за иднината на Библиотеките и примената на COBISS системот

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид свечено и достојно ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право

НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид свечено и достојно ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право

април 22, 2026
Пригодно одбележана 111 годишнината од раѓањето на Ванчо Николески

Пригодно одбележана 111 годишнината од раѓањето на Ванчо Николески

јуни 10, 2023
Утре промоција на стихозбирката „Сон“ од  Зора Златева

Утре промоција на стихозбирката „Сон“ од Зора Златева

март 7, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 699

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?