BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Почина д-р Симона Мартиноска, редовен професор на ФТУ и роднокраен автор од Охрид

ноември 7, 2026
in Актуелно
Почина д-р Симона Мартиноска, редовен професор на ФТУ и роднокраен автор од Охрид

Вчера, на 62-годишна возраст, почина д-р Симона Мартиноска, редовен професор на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид и роднокраен автор.

„Со длабока тага и неизмерна почит се простуваме од нашата драга професорка и колешка, проф. д-р Симона Мартиноска.

Факултетот за туризам и угостителство – Охрид изгуби почитуван професор, посветен научник и, пред сè, прекрасен човек, кој остави неизбришлива трага во нашата академска заедница.

Со своето знаење, професионалност и долгогодишна посветеност на образованието и науката, професорката Мартиноска даде драгоцен придонес во развојот на нашиот Факултет и во образованието на бројни генерации студенти.

Но, покрај нејзините професионални достигнувања, ќе ја паметиме и по човечноста, колегијалноста и добрината со кои ги збогатуваше нашите заеднички години“, се вели во објавата на ФТУ, споделена на социјалните мрежи.

Д-р Симона Мартиноска беше соработник и на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

На 13 јуни минатата година, во Прличевата одаја, ја промовиравме нејзината збирка раскази „Ткаенина на животот“.

Во таа пригода д-р Мартиноска рече:

„Кога започнав да пишувам, не знаев што ќе напишам, како тоа ќе изгледа, ниту дали воопшто ќе има некоја завршна форма или содржина. Само знаев дека сакам нешто да ставам на хартија што одамна го носам во себе. И така започнав, без намера или замисла за некакво споделување или објавување. А најмалку со умисла дека сум некаков писател, ниту тогаш, ниту сега… Потоа се охрабрив да им дадам нешто да прочитаат моите најблиски. Не можев да се изначудам кога побараа да прочитаат уште. Тоа ме поттикна нешто да излезе и надвор од мојот дом. Па така, изненадувањето беше уште поголемо кога и овде сретнав заинтересираност за ’уште‘. Напишаното е ткаенина создававана меѓу сенките на вчера и денес, на што се надоврзуваат испреплетени светови, реални и надреални, а сето тоа го оформува мојот став кон денешната моја стварност“, рече авторката д-р Мартиноска.

Меѓу кориците на „Ткаенина на животот“ се сместени 52 раскази, поделени во два дела. Преку исклучително вештата нарација, Бојаџиева – Мартиноска го внесува читателот во „нејзините чевли“, овозможувајќи му, речиси несвесно, да патува заедно со неа низ нејзините топли приказни и да се врати во едно друго, поубаво време.

Вториот дел од книгата содржи раскази што авторката ги „собрала“ на патот од пубертетот до зрелите години. Тоа се навидум едноставни теми од секојдневието, а всушност длабоки и филозофски приказни. Станува збор за слушнати, раскажани, прераскажани или доживеани искуства.

Во јуни годинава, д-р Мартиноска беше застапена со свој расказ и во новото издание на Годишниот поетско-прозен алманах на роднокрајните автори. Присуствуваше и на неговата промоција, заедно со своите колеги писатели од Охрид.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид изразува искрено сочувство до семејството на д-р Мартиноска, со уверување дека нејзините раскази ќе продолжат да живеат на полиците на Библиотеката и да сведочат за нејзиниот талент за пишување.

Погребот на проф. д-р Симона Мартиноска ќе се одржи денес, 7 ноември, во 14:30 часот, на Градските гробишта во Охрид.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Посетеност: 1.188
Share42
Admin

Admin

Поврзани вести

Уште три настани во рамките на „Месецот на книгата“

by Admin
октомври 30, 2026
0
Уште три настани во рамките на „Месецот на книгата“

Во рамките на програмата за одбележување на „Месецот на книгата“, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид најавува уште три културни настани, кои ќе се одржат од 2 до...

Read more

Утре промоција на новото издание на книгата „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски

by Admin
октомври 8, 2026
0
Утре промоција на новото издание на книгата „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски

    Утре, петок, со почеток во 10 часот, во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирано новото издание на книгата за деца...

Read more

Со песна и стихови како и пред две години и вчера во Охрид гостуваше МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска

by Admin
септември 26, 2026
0
Со песна и стихови како и пред две години и вчера во Охрид гостуваше МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска

    Вчера во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид гостуваше Македонското културно-уметничко друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска. На средбата беше претставено...

Read more

Известување: Мобилната апликација mCOBISS ќе престане да работи од 1 јануари 2027

by Admin
септември 25, 2026
0
Известување: Мобилната апликација mCOBISS ќе престане да работи од 1 јануари 2027

Апликацијата повеќе не се наоѓа на веб-страниците на Google Play и App Store, па затоа новите корисници не можат повеќе да ја преземат. Корисниците кои веќе го имаат...

Read more

Македонското културно друштво „Св Кирили Методиј“од Пула гостува во Охрид

by Admin
септември 24, 2026
0
Македонското културно друштво „Св Кирили Методиј“од Пула гостува во Охрид

       Утре, петок од 11 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе биде домаќин на културно - уметничка средба на која гости ќе бидат членови на Македонското...

Read more

Поврзани вести

Охрид кој повеќе го нема: Некогаш секое поголемо претпријатие во градот издаваше весник, денес излегува само еден

Охрид кој повеќе го нема: Некогаш секое поголемо претпријатие во градот издаваше весник, денес излегува само еден

август 5, 2023
Наградените ги подигнаа наградите за најдобри песни посветени на Прличев

Наградените ги подигнаа наградите за најдобри песни посветени на Прличев

март 26, 2021
Стефоска за 100 дена Влада: Тука сум да дадам максимум за доброто на сите во културата

Стефоска за 100 дена Влада: Тука сум да дадам максимум за доброто на сите во културата

декември 17, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 1.188

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?