BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Литературно-ликовен конкурс на тема: ,,Азбуката не’ повикува- пишуваме во чест на свети Кирил и Методиј“

мај 8, 2026
in Актуелно
Литературно-ликовен конкурс на тема: ,,Азбуката не’ повикува- пишуваме во чест на свети Кирил и Методиј“

   По повод одбележувањето на 24 мај – денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј, Национална Установа Библиотека ,,Григор Прличев” – Охрид распишува литературно-ликовен конкурс на тема: ,,Азбуката не’ повикува- пишуваме во чест на свети Кирил и Методиј”.

Конкурсот е наменет за ученици од основните училишта од општина Охрид и подрачните училишта, со цел да се поттикне креативноста кај најмладите, љубовта кон пишаниот збор и почитта кон ликот и делото на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј.
Учениците може да учествуваат со поетска творба, расказ или есеј посветен на животот, делото и значењето на свети Кирил и Методиј, кои со својата просветителска мисија оставиле неизбришлива трага во словенската писменост, култура и духовност.
Литературните творби треба да бидат напишани во Times New Roman, со големина на фонт 12, со македонска поддршка на кирилица.
Задолжително треба да се наведат следните податоци:
– име и презиме на учесникот
– име и презиме на ментор (доколку има)
– име на училиштето
– контакт – адреса и телефонски број.
Творбите може да се достават најдоцна до 20 мај 2026 година на електронската адреса: elenastankoska@hotmail.com, или лично во библиотеката, во затворен коверт со назнака: ,,За учество на литературно-ликовен конкурс- „Азбуката не’ повикува”.
Со овој конкурс, Националната Установа Библиотека ,,Григор Прличев” ги повикува младите творци преку својот талент и креативност да ја продолжат традицијата на писменоста и да оддадат почит на светото дело на свети Кирил и Методиј.

НУ Библиотека

Посетеност: 661
Share34
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Утре „Лектирата не е баук“ обид младите да му се вратат на читањето лектири – настанот е дел од проектот „За поубав свет“

Утре „Лектирата не е баук“ обид младите да му се вратат на читањето лектири - настанот е дел од проектот „За поубав свет“

Поврзани вести

Промовирана книгата со поезија и афоризми„На исто место“ од Деолска и Ѓорѓијоски

Промовирана книгата со поезија и афоризми„На исто место“ од Деолска и Ѓорѓијоски

октомври 3, 2025
Поради трагедијата во Кочани откажани се сите настани за идната недела

Поради трагедијата во Кочани откажани се сите настани за идната недела

март 16, 2025
Светски поетски патувачки фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“

Светски поетски патувачки фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“

април 19, 2023

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 661

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?