BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

Реализиран проектот „Библиотеката како поттикнувач на културно-уметничката дејност кај децата и младите“

април 20, 2026
in Околу нас
Реализиран проектот „Библиотеката како поттикнувач на културно-уметничката дејност кај децата и младите“

Во рамки на програмата за култура на Општина Охрид, под мотото „Културата расте со децата“  на 17 април  во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид д-р Лили Бошевска писател и стручен соработник- библиотекар, го реалзираше проектот: „Библиотеката како поттикнувач на културн–уметничката дејност кај децата и младите“. 

Во него учествуваа тимови од сите основни училишта од Општина Охрид. Преку реализираната работилница се  поттикнаа училишните библиотеки да ги  поддржуваат и промовираат уметничките таленти на децата и младите, при што се остварија следните цели:

  • Да се поттикнат уметничките таленти и да се создаде желба и самодоверба за уметничко изразување кај децата
  • Да се сензибилизираат училишните библиотекари и наставниците за важноста од давање на поддршка на уметничките активности на децата и младите
  • Да ги заинтересира децата и да ги мотивира библиотекарите за давање на поттик и стручно насочување за развивање на уметничките таленти на децата и младите.
  • Да го збогати книжниот библиотечен фонд на училишните библиотеки во Охрид со стручна и уметничка литература за библиотекари и за деца.

Проектот опфати две активности:

Првата активност работилница за тимови од секое училиште кои се сочинети од стручен соработник-библиотекар и три ученици кои се членови на библиотекарските, литературните или уметничките секции.

На работилницата беа презентирани техники на поттикнување на читањето, како и начини за вклучување на учениците во културно-уметнички активности. Со реализација на работилниците училишните библиотекари  стануваат активни чинители во културното-уметничкото издигнување на  своите ученици, а исто така поддршка на наставниците по македонски јазик, ликовно и музичко образование.

За реализација на работилницата беа користени материјали од публикацијата „Стручни работилници: Училишните библиотекари поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност кај децата и младите“, од д-р Лили Бошевска, која е издадена со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Работилницата се одвиваше во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

На работилниците се разви дискусија, во која учениците ги искажуваа своите ставови за културата и уметноста и нивната вклученост и искуствата во различни активности поврзани со уметничките дејности: театар, ликовна уметност, фотографија, литература, со што ги споделија своите уметнички склоности и таленти, а потоа се развиваа техники и активности за поддршка на нивните потреби од страна на библиотекарите, родителите, и наставниците, која им е потребно да ја добиваат во нивното културно- уметничко едуцирање, изградување и надградување.

Втората активност се состоеше од доделување на пакети како подароци кои се состојат од комплет книги за секоја училишна библиотека. Покрај интерпретирањето на техники и активности за поттикнување на културно-уметничката дејност кај децата и младите, настанот беше облагороден со дарување на пакет книги за секоја училишна библиотека и тоа: „Училишните библиотекари поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност кај децата и младите“ и книги од драмскиот текст „Самовилата…“ од авторката д-р Лили Бошевска, со назнака дека ги обезбедува Општината Охрид, која се грижи и го поддржува културниот раст на децата, а со тоа и културниот подем на општината.

НУ Библиотека

Посетеност: 484
Share32
Admin

Admin

Поврзани вести

Вчера заврши осмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“кој се одржа во Охрид, Лескоец и Црвена Вода.

by Admin
август 24, 2026
0
Вчера заврши осмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“кој се одржа во Охрид, Лескоец и Црвена Вода.

Кампот  “Ванчо Николески”,традиционално започна во општинското основно училиште во Лескоец, кое е единствената установа во Македонија која го носи името на бардот на литературното создавање за деца и...

Read more

Охрид њуз: Фото: Отворена обновената „Прличева одаја“, збогатена понудата за развој на културниот туризам

by Admin
јули 18, 2026
0
Охрид њуз: Фото: Отворена обновената „Прличева одаја“, збогатена понудата за развој на културниот туризам

На пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација денес во присуство на бројни гости, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Геориј, директори на национални и...

Read more

Одбележани осум децении од раѓањето на Иван Карадак

by Admin
јули 17, 2026
0
Одбележани осум децении од раѓањето на Иван Карадак

На пригоден настан што  вчера се одржа во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид, беа одбележани 80 години од раѓањето на познатиот македонски писател, драматург, афорист и сатиричар Иван...

Read more

Валандовскиот патувачки културен караван во среда ќе биде во Охрид

by Admin
јуни 15, 2026
0
Валандовскиот патувачки културен караван во среда  ќе биде во Охрид

Валандово е мало гратче кое изобилува со историја, археологија и традиција во музиката. Кога зборуваме за Валандово, зборуваме за археолошките локалитети: Исар, Марвинци; Исар, Кулата; Стакина чешма. Зборуваме...

Read more

Библиотеката ,,Григор Прличев” од Охрид дел од Втората меѓународна конференција ,,Библиотекарот денес: професија во трансформација

by Admin
јуни 7, 2026
0
Библиотеката ,,Григор Прличев” од Охрид дел од Втората меѓународна конференција ,,Библиотекарот денес: професија во трансформација

Во организација на НУУБ ,,Свети Климент Охридски" - Битола на 4 и 5 јуни се одржа Втората меѓународна конференција на тема ,,Библиотекарот денес: професија во трансформација". Конференцијата обедини...

Read more
Next Post
Бојана Башоска и Јана Билбилоска ќе го претставуваат Охрид на Државниот натпревар „Млади библиотекари“

Бојана Башоска и Јана Билбилоска ќе го претставуваат Охрид на Државниот натпревар „Млади библиотекари“

Поврзани вести

На гости во нашата библиотека доаѓаат колегите од Градската библиотека „Борка Талески“ од Прилеп

На гости во нашата библиотека доаѓаат колегите од Градската библиотека „Борка Талески“ од Прилеп

ноември 19, 2024
Денес се одбележуваат 113 години од смртта на Кузман Шапкарев

Денес се одбележуваат 113 години од смртта на Кузман Шапкарев

март 18, 2022
Промоција на книгата „ Откровение Захариево“ од м-р Златко Попоски

Промоција на книгата „ Откровение Захариево“ од м-р Златко Попоски

јуни 21, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 484

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?