Во рамките на проектот „За поубав свет“што НУ Библиотека „Григор Прличев“ го спроведува со Лајонс клубот „Деница“ од Охрид, утре – среда ќе се одржи трибина на тема: „Алцхајмер и деменција – тивките крадци на спомените.“ Предавач ќе биде д-р Јулија Василеска, психијатар.
Алцхајмеровата болест е најчеста форма на деменција (околу 60-70% од случаите), прогресивно невродегенеративно заболување кое предизвикува пропаѓање на мозокот, губење на меморијата и когнитивен пад. Додека деменција е широк поим за пад на интелектуалните способности, Алцхајмер е специфична болест што ги оштетува невроните.
За жал и деменцијата и алцхамер се се’ почести и присутни меѓу луѓето. И не само што се само здравствен проблем за заболените и семејствата, туку прогресивно се проблем – генерално и на општеството.
Проектот е дел од Годишната програма на Библиотеката финансиски поддржан од Министерството за култура.
Трбината е отворена за сите заинтересирани граѓани и ќе започне во 12.00 часот во Библиотеката.
НУ Библиотека












