BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

Прогласени победниците на конкурсот за песна за деца „Тоде“

март 9, 2026
in Околу нас
Прогласени победниците на конкурсот  за песна за деца „Тоде“
   Во големата сала на општина Охрид  во саботата , се одржа Литературната манифестација во чест на нашиот колега Тоде Илиевски ( поранешен директор на нашата Библиотека) пришто  беа доделени и наградите од Конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „ТОДЕ“.
Жирито во состав Маја Мојсова (член) Даниела Андоновска Трајковска (член) и Зоран Јакимоски (член) донесе едногласна одлука да не ја додели првата награда „со оглед на, (како што се вели во образложението), послабиот квалитет на пристигнатите творби во однос на претходните години, а со цел зачувување на реномето на наградата, но и на делото на Тоде Илиевски…“.
Втората награда ѝ припадна на песната „Палавковци во рима“ од Атанас Крлевски, „…која квалитетно отскокнуваше од останатите пристигнати творби“. Третата награда им припадна на песните „Дедо Медо болен лежи“ од Соња Манасиевска – Конеска и „Волшебно будење“ од Ели Маказлиева.
Манифестацијата во организација на ЗПРКДУ „Креативна верига“ –Охрид, финансиски поддржана од општина Охрид, ја отвори Јордан Коцевски, претставник на здружението, по што следеше обраќање на Билјана Коталески, советник во општина Охрид, додека за Тоде Илиески зборуваше Митко Томовски, поет, писател и долгогодишен пријател на Тоде. Како дел од програмата учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ –Охрид приготвија кус рецитал од богатиот опус на Тоде Илиевски, под менторство на наставничката Тања Џутески.
Во име на жири комисијата се обрати Зоран Јакимоски, со кус осврт кон пристигнатите и наградени песни. По доделувањето на наградите, публиката имаше можност да ужива во мал концерт, подготвен од Миодраг Богиќ, виолина и Бисерка Марковиќ, клавир, кои изведоа одбрани композиции на Фриц Крајслер.
Наградата „Тоде“ се доделува по четврти пат, но оваа година прв пат како Литературна манифестација во чест на Тоде Илиевски, и е дел од програмата за култура на општина Охрид. Наградените песни ќе бидат објавени во дванаесеттиот број на електронското списание за книжевност и друга уметност „(е)Лит“ кое го издава Здружениото.
ФБ на Креативна верига
Посетеност: 407
Share31
Admin

Admin

Поврзани вести

Вчера заврши осмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“кој се одржа во Охрид, Лескоец и Црвена Вода.

by Admin
август 24, 2026
0
Вчера заврши осмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“кој се одржа во Охрид, Лескоец и Црвена Вода.

Кампот  “Ванчо Николески”,традиционално започна во општинското основно училиште во Лескоец, кое е единствената установа во Македонија која го носи името на бардот на литературното создавање за деца и...

Read more

Охрид њуз: Фото: Отворена обновената „Прличева одаја“, збогатена понудата за развој на културниот туризам

by Admin
јули 18, 2026
0
Охрид њуз: Фото: Отворена обновената „Прличева одаја“, збогатена понудата за развој на културниот туризам

На пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација денес во присуство на бројни гости, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Геориј, директори на национални и...

Read more

Одбележани осум децении од раѓањето на Иван Карадак

by Admin
јули 17, 2026
0
Одбележани осум децении од раѓањето на Иван Карадак

На пригоден настан што  вчера се одржа во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид, беа одбележани 80 години од раѓањето на познатиот македонски писател, драматург, афорист и сатиричар Иван...

Read more

Валандовскиот патувачки културен караван во среда ќе биде во Охрид

by Admin
јуни 15, 2026
0
Валандовскиот патувачки културен караван во среда  ќе биде во Охрид

Валандово е мало гратче кое изобилува со историја, археологија и традиција во музиката. Кога зборуваме за Валандово, зборуваме за археолошките локалитети: Исар, Марвинци; Исар, Кулата; Стакина чешма. Зборуваме...

Read more

Библиотеката ,,Григор Прличев” од Охрид дел од Втората меѓународна конференција ,,Библиотекарот денес: професија во трансформација

by Admin
јуни 7, 2026
0
Библиотеката ,,Григор Прличев” од Охрид дел од Втората меѓународна конференција ,,Библиотекарот денес: професија во трансформација

Во организација на НУУБ ,,Свети Климент Охридски" - Битола на 4 и 5 јуни се одржа Втората меѓународна конференција на тема ,,Библиотекарот денес: професија во трансформација". Конференцијата обедини...

Read more
Next Post
Преку делегиран буџет Библиотеката ќе реализира 28 проекти со пари од Министерството за култура и туризам

Преку делегиран буџет Библиотеката ќе реализира 28 проекти со пари од Министерството за култура и туризам

Поврзани вести

Со ученици од ООУ „Христо Узунов“ правевме новогодишни честитки

Со ученици од ООУ „Христо Узунов“ правевме новогодишни честитки

декември 21, 2023
Колешката Станкоска единствен претставник од Македонија на конференција на библиотекари во Мостар

Колешката Станкоска единствен претставник од Македонија на конференција на библиотекари во Мостар

ноември 5, 2025
На денешен ден пред 191 година роден е охридскиот поет и преродбеник Григор Прличев

Конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2021

октомври 14, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 407

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?