Вчера во 78 година од животот не’ напушти хроничарот на Охрид, познатиот новинар и публицист Владимир Ангеличин – Жура.
Автор е меѓу другото на книгата „Жура за Жура“ своевидна реликвија за Охрид и животот во него.
Најголема преокупација на Владо Жура во неговите истражувања и творештво му беше животот на поетот и преродбеник Григор Прличев и воопшто XIX .

Владо Жура бил член на нашата библиотека со која е речиси врсник а и чест учесник во неколку наврати во наши значајни проекти.
Негов осврт е дел од Проектот „Прличевата 1762 лето – Симбол на непокорот на Македонецот“ , беше промотор на втората книга посветена на „Прличевите беседи ( 1952 – 2022 )“ од авторите Милчо Јованоски и Гордана Змејковска а учествуваше и со свои искажувања забележани на видео во проектот „Мирисот на оловото“ посветен на постоењето на постоењето и згаснувањето на весникот „Езерски глас“ и останатите фабрички весници кои излегуваа во речиси сите охридски претпријатија. Владо Жура од 1975 до 1997 година беше новинар и уредник на весникот на Градежното претпријатие „Трудбеник“ а весникот беше своевиден сведок на подемот и падот на оваа фирма.

Роден е во Охрид на 3 ноември, 1946 година и со тоа се вбројува во редот на роднокрајните автори во нашата Библиотека.
НУ Библиотека












