BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Промовирана книгата со поезија и афоризми„На исто место“ од Деолска и Ѓорѓијоски

октомври 3, 2025
in Актуелно
Промовирана книгата со поезија и афоризми„На исто место“ од Деолска и Ѓорѓијоски

Вчера во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше промовирана книгата „На иста адреса“ од aвторите Христина Деолска и Миле Ѓорѓијоски од Македонска Каменица. Во книгата на спонтан начин се запишани грст стихови и афоризми кои се нивна определба.

Во предговорот на книгата авторот  Миле Ѓорѓијоски ќе запише: На секоја песна од Христина Деолска на следната страница, јас одговарам со афоризми. Книгата може да се доживее како разговор помеѓу поет и сатиричар, каде секој разговара на својот јазик. Во книгата има 39 песни и 195 афоризми.

Христина на темата време ѝ приоѓа емотивно, тажно, рефлексивно, понекогаш навидум и со чувство на безнадежност. Од другата страна, јас со моите афоризми правам обид читателот да го вратам на земја, во реалниот свет.

Промотори беа новинарот и публицист и познат афористичар Витомир Долински и Милчо Јованоски, виш библиотекар, новинар и публицист.

Долински во својата промотивна колегата Ѓорѓијоски го нарече Итар Пејо на нашето време и додаде:

-Имајќи ги во вид неговите бројни дела во различните сатирични жанрови и добиените признанија на најзначајните домашни и регионални конкурси и фестивали, Ѓорѓијоски е моментно еден од најуспешните, најсестраните и најнаградувани балкански сатиричари од средната генерација.

За поупатените познавачи на македонската книжевна историја, секако, не е никакво изненадување тоа што нашата афористика котира така високо, а оние кои подобро го познаваат творештвото на Миле Ѓорѓијоски сигурно воопшто не ги изненадува неговиот остварен успех, имајќи ја предвид неговата четиридецениска посветеност на сатирата, вложениот труд, но и раскошниот талент поради кој, не случајно, стана толку свој, посебен, препознатлив.

Нашето повеќевековно народно творештво, бројните зборници на народни умотворби во кои мародните поговорки, пословици, гатанки, епиграми и други куси форми се вистински показател и доказ за раскошниот народен дух, како и веќе легендарниот Итар Пејо, на крајот на краиштата, секако, се онаа плодотворна база, темелот врз кој, во текот на дваесеттиот век, израсна модерната македонска афористика, заклучи Долински.

Промовирајќи ги стиховите на Христина Деолска кои се дел од книгата „На исто место“ Милчо Јованоски  нејзината поезија ја оцени како несекојдневна спој на реалното и имагинацијата со куси но суштински длабоки мисли и пораки кои после читањето ќе ве прогонуваат.

Според него, Христина напати во песните е кротка, нежна а напати бунтовна и подготвена да се соочи со предизвиците на животот кој знае често да шиба и да боли, но и да има убави страници со стихови кои бликаат од радост и енергија која покрева и жубори како најчистите потоци.

Дијалогот помеѓу поезијата на Христина и афоризмите на Миле во оваа книга ме потсетуваат на делото „Дон Кихот“од Сервантес и на истоимената симфониска поема на Рихард Штраус. Тоа е спојот на двата светогледа – оној на Дон Кихот и оној на Санчо Панса. Првиот возвишен и мудар и вториот , животно мудар и духовит, ќе рече рецензентот на книгата Слободан Мартиновиќ.

Додека траеше промоцијата младата илустраторка  Софија Ситновска го покажа својот талент за цртање и уметничко изразување.

Стихови од книгата „На исто место“ пред присутните читаше библиотекарот Бети Лазеска – Симоноска.

НУ Библиотека

Посетеност: 703
Share34
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Многу смеа и џагор на Сатиричната работилница за деца во нашата Библиотека

Многу смеа и џагор на Сатиричната работилница за деца во нашата Библиотека

Поврзани вести

Промоција на романот: „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Промоција на романот: „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

август 2, 2021
Конкурс за најдобра Новогодишна или Божикна порака инспирирана од светот на книгите.

Конкурс за најдобра Новогодишна или Божикна порака инспирирана од светот на книгите.

декември 27, 2021
Летна понуда – Саем на книгата и бесплатна отворена Библиотека за странците

Летна понуда – Саем на книгата и бесплатна отворена Библиотека за странците

јули 11, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 703

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?