BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

јуни 13, 2025
in Актуелно
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г. 

Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во регионот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид го реализира проeктот  од годишната програма за работа “ Цветна библиотека – хортикултурна библиотека“.

Регионалната средба и работилница на библиотекари од Охрид, Струга, Ресен, Битола, Кичево и Демир Хисар беше можност за размена на библиотечни практики и успешни приказни поврзани со хортикултурните содржини во установите.

Директорката на библиотеката, Христина Трпеска во своето поздравно обраќање кон учесниците и предавачите ја истакна важноста на иновациите во библиотечното работење, споделувањето на искуства од страна на библиотекарите и нивната меѓусебна соработка, со акцентот на развивање и деловни партнерски односи со локалната средина, каде граѓаните и локалната самоуправа можат да придонесат за подигнување на квалитетот на библиотечното работење, не само во градот туку и во целата држава.

Истакнувајќи ја местоположбата и значењето на градот Охрид во однос на неговото историско и културно минато, директорката се задржа на активностите поврзани со промоција на овие содржини преку соодветни библиотечни програми.

„Библиотеката се ребрендира во овој период, што понатаму ќе придонесе за нејзиниот попривлечен изглед преку рекламен материјал, банери, печатење на маици, капи, торби за книги, тоа ќе резултира со поголема препознатливост во средината, “рече Трпеска.

Соработката со Паркови и зеленило при ЈП „Охридски комуналец“ ќе допринесе за развој на програмите кои кореспондираат со УНЕСКО Агендата 2030 за одржлив развој, каде токму библиотеките претставуваат клучен фактор.

Координаторот на проектот м-р Милчо Јовановски, виш библиотекар во своето излагање и претставување на проектот ги истакна напорите на нивната библиотека за добивање на дополнителен простор надвор од зградата и неговото уредување за потребите за реализација на библиотечните програми со хортикултурни содржини.

„ Сакаме да сме библиотека, активен посредник во изградба на современото и еколошко живеење, овозможувајќи го побрзиот пристап до активностите со хортикултурна димензија, по примери кои ги реализиравме со помош на координаторот на регионалната мрежа на хортикултурни библиотеки м-р Јелена Петровска“, истакна Јованоски.

На средбата беше заклучено дека  од големо значење за библиотеките кои сакаат да го следат светскиот тренд на хортикултура е набавката на соодветна стручна литература која што ќе биде целосно во функција на барањата на граѓаните во однос на квалитетното користење на слободното време.

Координаторот на мрежата на хортикултурни библиотеки на Македонија м-р Јелена Петровска,библиотекар советник, одржа предавање и работилница за најновите практики во библиотечното работење и им пренесе на присутните идеи за организирање на настани и активности кои го следат „ритамот“ на заедницата.

Беа посочени низа примери од праксата на повеќе видови на библиотеки и различни типови на корисници. Таа посебно го потенцира како пример за добри практики проектот на НУ УБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, Дневна соба на градот, која што просторно и технички, како мултифункционален библиотечен простор, дава пример како се работи во заедницата по принципот „библиотека е за сите“.

Предавањето понуди повеќе апликативни решенија во однос на библиотечните простори, финансирање на проекти, соработка со локалната средина, зголемување на компетенциите, професионализмот и мотивација на библиотекарите, а даде и нови идеи за реализација на програми со хортикултурна содржина. Присутните имаа прилика низ работилницата и меѓусебни дискусии и размената на мислењата да добијат нови сознанија за развојот на библиотечните програми во своите средини, кои зависно од својата разновидност имаат и специфични решенија.

Особен придонес од страна на локалната средина и бизнис секторот даде предавачот Лидија Иванова, дип. шумарски инженер во Паркови и зеленило при ЈП „Охридски Комуналец“ која со својата презентација „Охрид град на цвеќето“ даде практичен пример за соработка и предлози за досегашната и понатамошна соработка со библиотеката.

Практичниот дел на овој проект е реализиран токму со ова претпријатие, со уредување на влезот, платото и споменикот на патронот Прличев кај библиотеката. Видливата промена предизвикаа позитивни реакции кај граѓаните, а уште повеќе кај корисниците на библиотечните фондови.

Средбата заврши со заедничко дружење пред библиотеката во пријатна атмосфера и размена на нови идеи за соработка, но и со цветен поздрав до следното видување.

НУ Библиотека

Посетеност: 24
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more

Летно работно време во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
јуни 5, 2025
0
Летно работно време во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

5 јуни, 2025 г. НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 9  јуни ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот. Во терминот од 08:30...

Read more

Утре, промоција на книгата „Основи на сметководството“ од м-р Ирена Бандилова

by Admin
јуни 4, 2025
0
Утре, промоција на книгата „Основи на сметководството“ од м-р Ирена Бандилова

4 јуни, 2025 г.  Утре, четврток од 12.00 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана првата книга од професорката по економија м-р Ирена...

Read more

Утре, промоција на стихозбирката „Поезија извор од душата“ од Љубица П. Чифлигароска

by Admin
мај 29, 2025
0
Утре, промоција на стихозбирката „Поезија извор од душата“ од Љубица П. Чифлигароска

  29 мај, 2925 г.  Во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре – петок од 17 часот ќе биде промовирана најновата поетска книга од Љубица Петреска...

Read more
Next Post
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

ДРУГИТЕ ЗА НАС. horticulturna. biblioteka .org.mk ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ

Поврзани вести

Роднокрајни автори родени во ноември

Роднокрајни автори родени во ноември

ноември 9, 2020
Почина роднокрајниот автор Трајан Петровски

Почина роднокрајниот автор Трајан Петровски

март 29, 2021
Оваа среда ви претставуваме пет наслови во издание на „Матица македонска“

Оваа среда ви претставуваме пет наслови во издание на „Матица македонска“

ноември 17, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 24

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?