BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

мај 2, 2025
in Актуелно
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.

    Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан Шорко од Охрид.

Д-р Јулија Василевска– психијатар и претседателка на женскиот лајонс клуб „Деница“ пренесе низа податоци сврзани со младиот Стефан и неговото образование и секојдневие. Таа, истовремено се наврати и на улогата на родителите во неговото воспитание, посебно на д-р Миле Шорко, таткото на Стефан, кој за жал е покоен и всушност бил главниот поддржувач на Стефан да навлезе во светот на  науката, посебно географијата, историјата…  Д-р Василевска од свој агол проговори за посветеноста на Стефан кон филозофијата и страста со која се создадени обете книги.

Библиотекарот Милчо Јованоски се задржа на дефиницијата за луѓето што создаваат свои мисли или некои што собираат туѓи мисли. Теоријата на книжевноста зависно од контекстот и нивната улога ги дели на: филозофи, афористичари, мислители, собирачи на цитати, писател на сентенци. Стефан е од сите по малку, заклучи м-р Јованоски.

Авторот на книгите Стефан Шорко во своето обраќање рече:

Од почетокот на мојата 22 година, јас и татко ми заедно се занимававме со филозофија.  Оттогаш, почнавме да составуваме оригинални цитати кои ги чувавме на хартија. Сега, во негова чест, јавно ги објавувам во книги за да бидат прикажани кон луѓето од научни и меморабилни причини.

Дизајнот на првата книга вклучува слика од мојот татко со докторски мантил, со стетоскоп и со војнички шлем на кој е гравиран симболот на медицината (бидејќи беше воен доктор) и имаше многу силна карактерна (како и професионална) дисциплина.

Кружните алки околу него се симболи за полињата во кои беше доста навлезен: филозофија, медицина, географија, историја, религија и фармакологија.

Новото издание содржи 321 цитат (скоро три пати повеќе од првата книга, која има 123 цитати) и е продолжение на првата книга. Двете книги содржат 444 цитати.

Повеќето цитати, вклучувајќи ја и првата книга, се стекнати и измислени од лични искуства и практично анализирани пред да се состават, но има некои кои се инспирирани и преформулирани од веќе постоечки цитати.

Оваа книга цели да биде универзална, односно содржи цитати од секое поле на животот за да можат читателите од секој ранг да се пронајдат во неа.

Филозофска револуција 2 се состои од некои помеки, но некои поостри вистини кои можат да се совпаднат во секојдневната животна практика, како и скромно изречени совети за животот.

Како и за првата книга, полињата кои се поставени на горниот дел од предната корица се полиња кои лично јас сум ги студирал, а славните личности кои се ставени во задната корица ми беа инспирација за да ги составам новите цитати, рече Шорко.

Промоцијата беше интерактивна во неа се вклучија и присутните на кои им беа поделени мудир мисли , по случаен избор. Ги читаа и анализираа и на еден едноставен начин се едуцираа и забавуваа.

Шорко на сите присутни им врачи книги од двете изданија а д-р Василевска кажа дека во знак на поддршка на авторот Лајонс клубот „Деница“ ќе откупи одреден број примероци од авторот и подоцна пак ќе бидат поделени во хуманитарни цели.

НУ Библиотека

Посетеност: 35
Share31
Admin

Admin

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

by Admin
мај 13, 2025
0
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

13 мај, 2025 г.  Типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски деновиве ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и пред вработените го презентира новиот предлог - визуелен...

Read more

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more

Во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право одбрани најчитателите за 2024 година

by Admin
април 23, 2025
0
Во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право одбрани најчитателите за 2024 година

23 април, 2025 г. На пригодна свеченост денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше одбележан 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право. -Времето...

Read more
Next Post
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Поврзани вести

Нови наслови во Библиотеката

Нови наслови во Библиотеката

август 5, 2021
По повод патронатот нашата Библиотека бесплатно ќе зачлени ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“

По повод патронатот нашата Библиотека бесплатно ќе зачлени ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“

декември 6, 2024
Летна понуда – Саем на книгата и бесплатна отворена Библиотека за странците

Летна понуда – Саем на книгата и бесплатна отворена Библиотека за странците

јули 11, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 35

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?