BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право одбрани најчитателите за 2024 година

април 23, 2025
in Актуелно
Во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право одбрани најчитателите за 2024 година

23 април, 2025 г.

На пригодна свеченост денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше одбележан 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право.

-Времето е релативна работа – и тоа не е само поетска или филозофска изјава, туку и научна вистина.

Ако зборуваме од гледна точка на физиката, особено од Теоријата на релативноста на Ајнштајн, тогаш времето навистина не е апсолутно – не тече исто за сите.

Но и надвор од физиката, во секојдневниот живот, времето е релативно и во психолошка смисла – кога си среќен, минува брзо; кога чекаш нешто непријатно, се влече.

Филозофски, времето е една од оние појави што не само што сите ја доживуваме, туку и секој ја доживува различно – како река што не тече исто за сите, рече во пригодното обраќање в.д. директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“, Христина Трпеска. Таа потсети на моќта на книгата и нејзината улога и функција во животот на човекот.

Светската порака посветена на Денот на книгата од госпоѓа Одре Азуле генерална директорка на УНЕСКО ја пренесе м-р Мариче Боздоганова:

– На Светскиот ден на книгата и авторското право во 2025 година, УНЕСКО ја слави моќта на книгите да ја поттикнат имагинацијата и да го обликуваат општеството. Додека ја одбележуваме 30-годишнината од овој Светски ден, истовремено се осврнуваме и на напредокот во промовирањето на писменоста и на универзалниот пристап до книгите, но ги согледуваме и предизвиците што остануваат.

Во изминатите три децении, УНЕСКО се посвети на промовирање на книгите и поттикнување на културата на читање не само преку своите 53 креативни градови на литературата, туку и преку мрежата на светски престолнини на книгата. Годинава, Светската престолнина на книгата за 2025 година – Рио де Жанеиро во Бразил, ќе покаже како книгите можат да предизвикаат општествени промени и да создадат одржливи економски придобивки, на пример преку Парадата на книгите и со отворање нови библиотеки во најранливите делови на градот, стои во пораката на Азуле.

Годинава македонската порака за книгата е дело на професор д-р Славица Велева а ја пренесе библиотекарот Бети Лазеска – Симоноска:

-Токму преку книгите, еден јазик станува глас, сведоштво, наследство. А македонскиот јазик – нашиот мајчин и државен јазик – пред осум децении, првпат го доби своето институционално кодифицирање, своето право на објавен збор, во учебник, во книга.

Во тој историски контекст, кодификацијата на македонскиот јазик не беше само изнуден лингвистички чин. Таа беше чин на самопотврдување на националниот и на културниот идентитет. Со тоа, му се овозможи на македонскиот збор да стане порамноправен со сите светски јазици – и во книжевноста, и во науката, и во секојдневниот живот.

Затоа, денешната прослава добива двојно значење. Го славиме зборот, но и правото на збор. Го славиме авторот, но и правото на свој јазик преку кој авторот може да создава, да зборува, да сонува. Го славиме авторското право – како продолжение на таа борба за признавање на креативноста, заштита на трудот и вреднување на умот.

Нека оваа 80-годишнина не биде само одбележување на минатото, туку поттик за иднината. Нека нѝ биде потсетник дека сме должни да го негуваме јазикот што ни е пренесен од раѓањето, да ги вреднуваме оние што пишуваат и да создадеме услови во кои идните генерации ќе можат слободно, достоинствено и со љубов да создаваат на својот мајчин јазик, затоа што народите кои зад себе не оставиле никакви писмени сведоштва, а и не биле споменато од други, исчезнале од историјата и биле заборавени засекогаш, напиша д-р Велева.

Библиотекарите Коста Трифуноски и Никола Ристовски ги доделија заслужените признанија и благодарници на присутните за минатата 2024 година.

За најчитател во детското одделение е прогласена Марија Димова Наумоска, со 41 прочитана книга. Втор е Филип Кордоски со 40 и неговиот брат Александар со прочитани 30 книги е трет.

Најчитател во одделението за возрасни во текот на минатата година е Весна Атанасоска  со 175 прочитани книги. Втора е Светлана Апостолоска со 120 и трета е Снежана Мукоска со прочитани 118 книги.

И минатата година највозрасен читател беше Благородна Тасевска, родена 1932 година  а за најмлад читател е прогласена Маја Наумоска, родена 2022 година.

Денеска на 30 донатори на книги им беа врачени благодарници за направениот гест.

Истовремено беа прочитани најбараните книги од домашни и светски автори во одделите за деца и возрасни.

Свечениот настан со прекрасните музички настапи го збогатија учениците од ООМУ „Методи Патче“, Димитар Јанкуловски и Виктор Србиноски на виолина и обајцата од класата на проф. Елица Рашкова.

 

 

НУ Библиотека

 

Посетеност: 99
Share34
Admin

Admin

Поврзани вести

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more

Летно работно време во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
јуни 5, 2025
0
Летно работно време во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

5 јуни, 2025 г. НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 9  јуни ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот. Во терминот од 08:30...

Read more

Утре, промоција на книгата „Основи на сметководството“ од м-р Ирена Бандилова

by Admin
јуни 4, 2025
0
Утре, промоција на книгата „Основи на сметководството“ од м-р Ирена Бандилова

4 јуни, 2025 г.  Утре, четврток од 12.00 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана првата книга од професорката по економија м-р Ирена...

Read more
Next Post
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

Наскоро нова поетско - прозна збирка „По стапките на Прличев“

Поврзани вести

– Добрата книга ќе те натера да замислиш како е да се соживееш со ликовите, одличната книга нема да ти остави избор.

март 2, 2021
Отворена библиотека  24 часа  – позитивни одгласи од изминатите две лета

Отворена библиотека 24 часа – позитивни одгласи од изминатите две лета

јули 11, 2024

Судбината – не ги прави работите полесни туку возможни

август 24, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 99

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?