BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

април 22, 2025
in Околу нас
Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

22 април, 2025 г.

Вчера во Охрид на 75 годишна возраст почина новинарот и публицист  Илче Стојаноски, кој целиот професионален работен век го помина во Центарот за печат и радио Охрид.

Покрај мноштвото новинарски  – професионални обврски тој со години со голема љубов и ентузијазам ја реализираше  емисијата „ Охрид во моите спомени“ при што се снимени и емитувани над 100 вакви радио – документарни емисии.  Врз основа на снимениот материјал тој има напишано две книги со исти наслов „ Кажвиме за да не се заборајт“ и тоа првата во 1996  во 2003 година.

Во третата книга на Илче Стојаноски, монографијата „ Охридски времелов 1848-1948“ издадена 2012 година повторно во чест на патронот на Охрид Свети Климент Охридски тој се обиде  да го потврди Охрид во еден минат период од 100 години, преку цртежи, фотографии и коментари. Започнува од 1848 година со цртежите на Едвард Лир, продолжува со првите фотографи направени во Охрид во 1863 година од Јошеф Шекељ. Потоа се нижат фотографиите од почетокот на 20-тиот век на Мери Едит-Дурхам, и други фотографии од разни автори, чии имиња не се познати, се’ до првата половина на 20-тиот век или поточно до 1948 година.

Стојаноски потоа ја напиша и четвртата книга „Охридски вистини, случки, приказни и факти од минатото“, издадена 2014 година. Последниот негов труд е издавањето на ДВД,  „ Охрид во моите спомени“

Како пензионер на најумесен начин продолжи да го промовира Охрид преку ФБ страницата „ Охрид, убав мил“ чиј креатор и администратор меѓу другите беше и тој.

Дел од неговото творештво љубоморно се чува и во нашето Роднокрајно одделение.

Илче Стојаноски е добитник и на Повелбата „ Свети Климент Охридски“ доделена  од општина Охрид во 2007 година.

Погребот на Стојаноски е утре – среда  на Градските гробишта во Охрид од 12.00 до 12.30 часот.

НУ Библиотека

Посетеност: 107
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

ДРУГИТЕ ЗА НАС. horticulturna. biblioteka .org.mk ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ У оквиру активности које су део промоције и развоја мреже хортикултурних библиотека, у Охриду је реализован пројекат из годишњег програма НУ Библиотеке „Глигор Прличев“...

Read more

Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

by Admin
јуни 10, 2025
0
Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

10 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на Годишната програма за работа во текот на овој месец  ќе го спроведе Проектот: „Книгата најдобар...

Read more

Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански во Пула

by Admin
јуни 1, 2025
0
Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански  во Пула

1 јуни 2025 г. Деновиве нашите роднокрајни автори Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански настапија на две меѓународни поетски манифестации во Пула – Хрватска. 14. издание на...

Read more

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

by Admin
мај 24, 2025
0
Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

24 мај, 2025 г. ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид во рамките на својата меѓународна соработка со сродни училишта од Балканот деновиве е домаќин на ученици и наставници  од...

Read more

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more
Next Post
Ќе го одбележиме 23 април –  Светскиот ден на книгата и авторското право

Ќе го одбележиме 23 април - Светскиот ден на книгата и авторското право

Поврзани вести

Промовирана „Позајмениот куфер“ од Наум Трајчески

Промовирана „Позајмениот куфер“ од Наум Трајчески

септември 30, 2022

Читањето е најдобро учење – Пушкин

мај 31, 2020
Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

април 7, 2025

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 107

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?