BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Го одбележавме Светскиот ден на литературата за деца

април 2, 2025
in Актуелно
Го одбележавме Светскиот ден на литературата за деца

2 април, 2025 г.

По повод Втори април – Светскиот ден на литературата за деца  НУ Библиотека „Григор Прличев“  денеска организираше  интересен интерактивен настан во кој се споија литературата и цртањето. Гостинка во Библиотеката беше поетесата Светлана Каланоска- Котевска од Охрид. Беа промовирани  двете нејзини стихозбирки за деца: „Убава е природата со жуборот на водата“ и „ Да растеме заедно“ во издание на Библиотека во 2024 година.

Преходно во рамките на оваа промоција се одржи ликовна работилница.  Ученици  од петто одделение од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид предводени од нивната одделенска наставничка Елена Китеска цртаа цртежи инспирирани  од творештвото на поетесата Каланоска – Котевска.

Директорката на Библиотеката Христина Трпеска ја отвори промоцијата и рече:

-Втори април, Денот на литературата за деца за првпат бил прославен во 1967, а оттогаш секоја година во светот се промовира љубовта кон читањето кај децата и се нагласува важноста на книгите.  Датумот го означува роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, прочуениот дански автор, познат по делата како „Грдото пајче“, „Малата сирена“, „Девојчето со кибритчиња“ и многу други.

 

Драги деца, исклучете ги компјутерите мобилните  и денеска земете книга во рака –  Не заборавајте денеска е светски ден на литературата за деца, потсети Трпеска.

Бети Лазеска – Симоноска – библиотекар  ги презентира рецензии за двете книги од проф. д-р Елизабета Бандиловска во кои таа вели: – Котевска се открива како автор што многу лесно го прифаќа предизвикот да твори за деца, да ги пушта своите емоции и спомени многу спонтано и спокојно, создавајќи бескрајни низи од зборови што едноставно зрачат и ги привлекуваат детската љубопитност, детската желба за читање и за откривање на светот околу себе.

Песните напишани од Светлана посветени на децата, се песни во кои дишат љубовта кон децата и желбата секое дете да расте среќно и безгрижно, знаејќи дека е сакано, прифатено и поддржано додека чекори по патот на сопственото растење, откривање и остварување на соништата.

Вториот промотор, м-р Милчо Јованоски пред присутните и учениците говореше за научно –теоретскиот приод  кој треба да го следат веќе етаблираните автори за деца, но и оние кои ги прават првите чекори и се обидуваат да пишуваат за деца.

-Теоријата на литературата за пишување стихови за деца се фокусира на специфичните карактеристики и стратегии што го прават детскиот поетски текст привлечен и разбирлив за младата публика.

Пишувањето стихови за деца не се потпира само на литературни техники, туку и на развојните потреби и способности на детето. Некои од најважните аспекти на теоријата за детски стихови вклучуваат: јасност и едноставност, ритам и рима, метафори, емоции и фантазија, интеракција со идниот читател, образовни функции , визулено – сензорни елементи, рече Јованоски.

Покрај авторката нејзини стихови читаа – синот Александар и внуката Калина.

 

НУ Библиотека

Посетеност: 103
Share32
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Гордана Такец: ШТО Е ЖИВОТОТ АКО НЕМА КОМУ ДА ГО ДАДЕШ СВОЕТО СРЦЕ ?

Гордана Такец: ШТО Е ЖИВОТОТ АКО НЕМА КОМУ ДА ГО ДАДЕШ СВОЕТО СРЦЕ ?

Поврзани вести

Почина колегата Радован Косаркоски

Почина колегата Радован Косаркоски

мај 5, 2022
„Прличеви беседи 2021“ и во услови на Ковид -19

„Прличеви беседи 2021“ и во услови на Ковид -19

февруари 2, 2021

Луѓето престануваат да мислат, кога ќе престанат да читаат – Дени Дидро

мај 31, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 103

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?