BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Промовирана збирката раскази „Пред црковните порти“ од Смиле Наумоски – Брсјак

март 29, 2025
in Актуелно
Промовирана збирката раскази „Пред црковните порти“ од Смиле Наумоски – Брсјак

28 март, 2025 г. 

Денес во НУ Библиотека „Григор Прличев“  во Охрид беше промовирана збирката раскази „Пред црковните порти“ од Смиле Наумоски – Брсјак. Промотри беа проф. д-р Кристина Николовска и м-р Милчо Јованоски а извадоци од расказите читаше Александра Алексијевска.

Промоцијата ја отвори в.д директорката на Библиотеката , Христина Трпеска:

-Среќни сме и почестени пред се’ со Вашето присуство и секако со присуството на  нашиот познат охридски и македонски писател и поет Смиле Наумовски – Брсјак  кој преку своето плодно творештво е познат и надвор од Македонија

Да потсетиме на 25 март точно пред 165 години, во далечната 1860 година на традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, нашиот патрон македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев добил „Ловоров венец“ за поемата “Сердарот”.

По тој повод  заедно со Општина Охрид  денес ја организираме промоција на збирката раскази „Пред црковните порти“ од Смиле Наумоски – Брсјак.

Меѓу кориците на оваа книга на Брсјак, треперат дваесет приказни на границата меѓу доброто и злото, сонот и реалноста, стварноста и илузијата, можното и неможното, реалното и посакуваното.

Промоторот проф. д-р Кристина Николовска, кажа: – Наумовски развива раскажувачки универзум , достојно чекорејќи по патеката на грандиозните великани на македонската раскажувачка и творечка реч, рамо до рамо со зборот . со мислата му густа, речта му виртуозна кои го водат , а нас не’ водат “пред портите на храмот“ Божји.

м-р Милчо Јованоски се осврна на расказот „Леонардина“ кој е дел од збирката и рече: –  „Леонардина“ е една вонвременска парадигма на Адам и Ева на моќта и немоќта на човекот да се бори против сопствената природа, пол, тело, желби и страст.

Наумоски мошне вешто својот лик го гради и го „шета“ низ вековите и годините, децениите , очигледно сакајќи да ни каже дека Леонардина живеела, живее и ќе живее и овде и таму и тогаш и сега и некогаш далеку во иднината.

Расказот „Леонардина“ откако ќе го прочитате сигурно нема да ви ги одгатне сите пориви, нема да ви ги разреши сите прашалници кои ќе ви се родат во главата, но сигурен сум ќе ви отвори нови визури за бесконечноста на Универзумот и човекот во него.

Авторот Смиле Наумоски – Брсјак рече:  – Книгата раскази „Пред црковните порти“ блесна со растајнувањето на една невидлива болест преку потресна, внатрешна историја на болката.

Победата над ѕверот во себе, како врвна победа над сите можни болести, потресно нѐ потсетува и освестува дека не сетено сме станале несвесни зависници.

И тоа, замислете: зависници од хаосот! Потчинети на своите зависности и поразени од самите себеси…

Корица е дело на мојот за жал покоен пријател  д-р  Драган Спасески-Охридски. „Распетие на љубовта“, 1998. Масло на платно, рече Наумовски – Брсјак , заблагодарувајќи им се на присутните.

НУ Библиотека

Посетеност: 106
Share40
Admin

Admin

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

by Admin
мај 13, 2025
0
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

13 мај, 2025 г.  Типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски деновиве ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и пред вработените го презентира новиот предлог - визуелен...

Read more

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

by Admin
мај 2, 2025
0
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.     Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more
Next Post
Со промоција на две стихозбирки од Светлана Котевска ќе го одбележиме 2 Април – Светскиот ден на литературата за деца

Со промоција на две стихозбирки од Светлана Котевска ќе го одбележиме 2 Април – Светскиот ден на литературата за деца

Поврзани вести

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

мај 3, 2025
Спомен – бистата на Прличев на нова локација, непосредно до Библиотеката

Спомен – бистата на Прличев на нова локација, непосредно до Библиотеката

октомври 22, 2020
Преку рубриката Огледало директен контакт  со  Вас

Преку рубриката Огледало директен контакт  со  Вас

август 29, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 106

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?