25 април
Точно пред 165 години, далечната 1860 година на традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби „Ловоров венец“ за поемата “Сердарот”.
Григор Ставрев Прличев (Охрид, 18 јануари 1830 – Охрид, 6 февруари 1893) е истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век. Овој генијален книжевник според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски и македонски, и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики и епохата во која живее и работи, класицизмот и романтизмот, како стилски белези. Според македонската енциклопедија, тој е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб.
Нашата Библиотека, заедно со Општина Охрид во чест на овој светол настан од животот на Прличев во петок на 28 март организира промоција на збриката раскази „Пред црковните порти“ од Смиле Наумоски – Брсјак.
Промотри ќе бидат проф. д-р Кристина Николовска и м-р Милчо Јованоски
Промоцијата ќе се одржи во Прличевата одаја на библиотеката со почеток во 13 часот.
НУ Библиотека