25 март, 2025 г.
Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од печат излезе стихозбирката „Искривена демократија“ од роднокрајниот поет Иван Велјаноски.
Книгата содржи 52 песни напишани на македонски и на англиски јазик. Песните на Велјаноски ја истражуваат природата на нашето вистинско постоење и нашата иднина. Филозофијата на авторот можеби не е наша, но е оригинална , логична и возбудлива. Во оваа збирка на интригантни приказни, можете да најдете и да препознаете мајстор на метафората.
Иван Велјаноски е роден 1959 година во село Лактиње а долго време живееше во Австралија, но од 2017 година повторно се врати во Охрид. Досега има напишано 5 стихозбирки само на англиски јазик, а оваа „Искривена демократија“ е прва, двојазична.
Заинтересираните за поезијата на Иван, стихозбирката можат да ја купат во книжарницата Просвета во Охрид или да ја зајмат од нашата Библиотека.
НУ Библиотека