BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од Љубен Цветкоски

февруари 26, 2025
in Актуелно
Промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од Љубен Цветкоски

26 февруари, 2025 г. 

Денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од уметникот Љубен Цветкоски. 

-Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ излезе од печат стихозбирката НАСОЛЗЕНО ЦВЕЌЕ од Љубен Цветкоски. Тоа е книга создадена од за жал очај и болка и непребол по прерано починатиот син. Таа семејна трагедија и траума нашиот Љубен се обидува преку стихови да ја надмине а од друга страна нам да ни ја пренесе неговата поврзнаост со синот и семејството, рече в.д директорката на нашата библиотека Христина Трпеска.

Промоторот и уредник на книгата м-р Милчо Јованоски пред присутните се обрати со следните зборови:

– Бравурозно како тоа што често го правел и прави со сликарската четка и создава импресивни акварели, така со збор Љубен ги насликал миговите и ситуациите кои се врежани во неговото срце и душа а се сврзани со неговиот син Александар – Цвеќето. Радоста и хармонијата, семејната среќа како гром од ведро небо ги погодува и фрла во очај и агонија поради кобната болест на нивното најубаво и најнежно цвеќе Александар.

Цвеќе со најубав опоен мирис кое го нема во ниту едно цветно поле а вирее само во нивните срца.  Стиховите во НАСОЛЗЕНО ЦВЕЌЕ се крик на болната вистина чиј пат не може да се смени.

Од детството преку младоста, со секојдневните палави игри, испомешани со минатите и скорешните искуства Александар живее во секој негов напишан стих.

Оваа промоција ја сфаќам како чистилиште на нивните души, создавање заеднички невидлив споменик од стихови за Александар – Цвеќето. Споменик создаден од букви, зборови и емоции со кои секој ден по неговото заминување ги забележал неговиот татко Љубен. Пред и уште потоа по нивното невидливо речиси секојдневно среќавање од и до неговото вечно почивалиште, рече Јованоски

Во отсуство на писателот Ефтим Клетников беше прочитана неговата рецензија во која некогашниот цимер на Љубен напиша:  – ИН МЕДИАС РЕС, првиот впечаток што го нудат тие, тоа е дека сеизмографски записи на срцето во кое нашол пристан јазикот и природно се вглобил во неговиот ритам, како отчукување на емоциите и мислите што ја одразуваат најдирекно и најживо филозофијата на авторот и неговото Јас, закотвено во средиштето на егзистенцијата, што не му е баш наклонета на човекот.

А од нејзината неблагонаклоност, човек се брани, покрај другото и со уметност во која ја трансцендира и преобразува од пад во лет, од болка во радост, од неспокој и траума во нирвана. И тоа може да се види во секоја песна и во секој стих во стихозбирката на Цветкоски. Тука, рака под рака како сестри близначки одат заедно и болката и радоста од постоењето, ткаејќи на разбој на мислите и чувствата, неговата хармонија.

Со солзи на очите и болка на крајот авторот Цветкоски кусо ги поздрави блиските нарекувајќи ги најблизок род. Тој им забалагодари на сите за покажаната емпатија и споделената тага.

Стихови од книгата читаа ученичките: Ивана Ническа и Елена Размоска од  Средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ по избор на професорката Марија Стрезовска.

НУ Библиотека

Посетеност: 133
Share36
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Библиотеката и Здружението на дијабетичари потпишаа Меморандум за соработка

Библиотеката и Здружението на дијабетичари потпишаа Меморандум за соработка

Поврзани вести

Нови книги и роднокрајни автори родени во јануари

Ви препорачуваме да прочитате: Сестрите Романови од Хелен Рапапорт

јануари 22, 2021
„Мадам Кири“ – живот посветен на науката

„Мадам Кири“ – живот посветен на науката

ноември 3, 2020

„Гоце Делчев“ Ванчо Николески – втор дел

јуни 4, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 133

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?