26 февруари, 2025 г.
Членот на Управниот одбор на Здружението на лица со дијабет „Охрид“ Димче Каневче и в.д. директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, Христина Трпеска денес потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка.
Со овој Меморандум за соработка се дефинирани активностите помеѓу Здружението на лица со дијабет и Библиотека ,,Григор Прличев“ како и моделите на соработка втемелени на платформа на заемна доверба и разбирање која ќе опфаќа низа активности кои се од интерес и корист за двете страни.
Потписници на овој Меморандум за соработка ќе се стремат кон остварување на следните цели: заемна размена на информации, знаења и искуства од областите од заеднички интерес; Обезбедување квалитетни деловно- стручни услуги за членовите на страните потписнички; Утврдување и негување на добрите деловни врски и учество, соработка и реализација на заеднички проекти, активности и настани за промоција, негување и заштита на интересите на двете страни.
Со меморандумот страните се согласни да создаваат атмосфера на меѓусебна почит и меѓусебна доверба и врз основа на целите за остварување на заедничките интереси да организираат и реализираат активности и да се поддржуваат согласно заедничките програмски определби.
Чинот на потпишувањето на Меморандумот, Каневче го искористи на директорката Трпеска во име на Здружението да и подари два примероци од книгата „Да се храниме и готвиме здраво“ од Везире Старова. Оваа специјализирана книга деновиве ќе биде обработена и читателите ќе можат да ја зајмат.
Беше договорено првото предавање на тема сврзано со дијабетот во Библиотеката да се одржи во почетокот на идниот месец – март.
НУ Библиотека