25 февруари 2025 г.
Американците, Индијците и Британците најмногу читаат, а Македонците дури и во поглед на читањето на книги не можат да се пофалат со некој завиден резултат, пишува faktor.mk
Лани македонските граѓани во просек прочитале по 4 книги, односно 94 часа одвоиле за читање, покажува статистиката на worldpopulationreview. Бугарите се малку подобри, односно прочитале по скоро 5 книги и поминале 106 часа во читање, Турците прочитале во просек по 6 книги и поминале 130 часа во читање, Романците прочитале повеќе од 6 книги и за читање одвоиле 147 часа. Грците прочитале нешто повеќе од 5 книги и читале 117 часа во просек лани. Словенците во читање поминале 100 часа и тие лани прочитале повеќе од 4 книги. Србитe, Босанците, Хрватите, Црнгорците и Албанците се малку поактивни во читањето од македонските граѓани, според оваа мапа.
Целиот текст прочитајте го на Фактор. мк Во него збор – два и за подемот на нашата библиотека и читањето.
https://faktor.mk/amerikancite-indijcite-i-britancite-se-najstrastni-chitateli-kolku-knigi-vo-prosek-prochitale-makedoncite-lani
НУ Библиотека