BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

февруари 20, 2025
in Актуелно
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

20 февруари, 2025 г. 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид за оваа 2025 година конкурираше со 25 проекти а ќе добие близу 1 160 000 денари за реализација на 17 проекти во кои Министерството за култура и туризам го препозна националниот интерес.

Во годишната програма за работа на Библиотека и годинава доминираат 15 проекти од библиотечната дејност. Радува фактот што Комисиите и министерот за култура Зоран Љутков препозна позитивен исчекор но и континуитет во дел од нив, вели в.д директорката на установата Христина Трпеска и додава:

– Првиот проект манифестацијата Прличеви беседи веќе успешно го реализиравме. Следуваат:  Третата годишна средба на роднокрајните писатели, Читаме гласно и раскажуваме, Книгата најдобриот другар на децата, Книгата поблиску до старите лица кој успешно се реализира во соработка со Црвен крст – Охрид и Натпреварот Млади библиотекари. Ќе има средства и за работата на книговезницата, заштита на движното културно наследство и за обработка и зајмување на библиотечен материјал.

Посебна Комисија во библиотеката веќе работи на избор на нови наслови  со што ќе се збогати книжниот фонд во детското и одделението за возрасни, годинава ќе бидат издвоени 450 000 денари, за 100 000 денари повеќе од лани. Ќе продолжиме со заштитата на стари и ретки книги по пат на конзервација и реставрација, а ќе има пари и за континуирани обуки на вработените и за набавка на два компјутери и печатач.  За прв пат годинава во соработка со Лајонс клубот Деница ќе организираме трибини под наслов: За поубав свет и Хортикултурни библиотеки. Во овој проект планирана е средба и работилница на претставници од библиотеки од регионот, сврзана со 5 јуни Светскиот ден на животната средина, вели в. д директорката Трпеска.

Во  издавачко – литературната дејност Министерството за култура на Библиотеката и одобри еден проект. Второто издание на фестивалот на поезијата  Слушни го езерото  планиран за 21 јуни – Денот на Езерото а во соработка со библиотеките од Струга и Поградец.

Во делот на инвестициите годинава библиотеката доби средства за изработка на основен проект за реконструкција на покривот.

Надвор од годишната програма финансирана од страна на Министерството за култура и туризам од библиотеката најавуваат и низа други настани плод на креативноста на вработените а финансиски  делумно покриени од сопствени средства, Општина Охрид  и други спонзори и донатори.

НУ Библиотека

Посетеност: 118
Share31
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Беседата  „Чувај се себеси“ “ под шифра: „1111“ најдобра на Конкурсот на НУБ „Григор Прличев“ од Охрид за 2025

Годишната програма за работа на институцијата за 2025 г.

Поврзани вести

По повод 100 г. од раѓањето на уметникот Вангел Наумоски изложба на негови книжевни дела

По повод 100 г. од раѓањето на уметникот Вангел Наумоски изложба на негови книжевни дела

март 22, 2024
„На зајдисонце“ во Трпејца одбележан и јубилејот 100 г.од раѓањето на Конески

„На зајдисонце“ во Трпејца одбележан и јубилејот 100 г.од раѓањето на Конески

јули 26, 2021
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

јуни 19, 2025

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 118

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?