BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Нови книги

Во ООУ „Св Наум Охридски“ од Пештани беше промовирана Јубилејната стихозбирка „Езерски соѕвездија“

декември 26, 2024
in Нови книги
Во ООУ „Св Наум Охридски“ од Пештани беше промовирана Јубилејната стихозбирка „Езерски соѕвездија“

26 декември, 2024 г. 

Во рамките на одбележувањето на Патронатот денеска во ООУ „Св Наум Охридски“ од Пештани беше промовирана Јубилејната стихозбирка „Езерски соѕвездија“ составена од лични творби на ученици пишувани на разни теми.

На почетокот на промоцијата во своето обраќање во улога на домаќин, директорката на училиштето Валентина Рубаноска рече: – Создадовме инспиративни, креативни и универзални стихови кои мислат и говорат на прекрасен изворен македонски јазик, на кој и сонцето сака да не поздрави и ќе не поздравува колку што ќе огрева и колку што ќе зајдува, низ вековите во идни времиња.

На нејзина покана една од промоторите на поетската збирка беше и Христина Трпоска в.д. директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид.

Честитајќи им го Патрониот ден на учениците и на наставниците директорката Трпеска, рече:

-Нека ви се множат успешните години на Вашето училиште што го носи ова големо име и гравитира точно помеѓу Охрид и Манастирот Св. Наум во кој неуморно работел и создавал традиција  еден од наследниците на Светите браќа Кирил и Методиј великиот Св. Наум.

Историските документи но и легендите силно зборуваат за поврзаноста на Св. Наум Охридски со неговиот другар, собеседник и соработник Св. Климент со кого заедно со големите словенски просветители Кирил и Методиј биле во историските мисии низ Европа за да го просветлат словенскиот род.

Едниот на Плаошник со првиот Универзитет на Балканот а другиот во рајското место во манастирот посветен на свети Архангел Михаил, во народот сега познат како Св. Наум.

Наум заедно со Климента ја создале и активно работеле врз описменувањето на народот во познатата Охридска книжевна школа. Описмениле над три ипол илјади ученици.

На промовијата присуствува и колегите: Коста Трифуноски, Владимир Куциноски и Бети Лазеска – Симоноска 

Познато е дека Св. Наум се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбирал во народната медицина, но успешно ги водел и црковните работи.

Свети Наум Охридски Чудотворецот починал на 23 декември 910 година, во манастирот „Свети Наум“, на возраст од 80 години и бил погребан лично од св. Климент во манастирската црква.

И после толку векови традицијата на нивното просветиелско огниште како вечен пламен гори еве и овдека во Пештани но и во сите Ваши подрачни училишта.

Тоа се гледа по резултатите кои секојдневно ги постигнувате а сега особено на полето на писменоста и пишуваната реч.

Јас како прв човек – директорка на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и македонист би ви рекла дека треба јазикот  наш македонски да си го сакаме и да си го негуваме на секое ниво и секогаш. Дијалектите се богатство, но македонскиот литературен јазик треба да ни е на тронот.

Имам чест, сега и овде да кажам неколку збора и за најновото поетско издание „Езерски соѕвездија“, составено од творби од младите идни, се надевам големи поети.

Овој смел и интересен потфат на училиштето од Пештани дел од одбраните творби, претпоставувам создадени од еден до друг Патронат да се најдат во поетска отпечатена збирка е за восхит и поздравување. И можеби сега  жарот со кој се создава книгата и се остава трага не е толку вреден, но некогаш по генерации безброј, вредноста ќе биде навистина голема… Видливо е дека поетскиот бисерен нанижан ѓердан изобилува со стихови излезени од детските души нахранети со многу љубов и посветеност од страна на родителите, но и на наставниците.

Постигнатото треба да ве прави горди  бидејќи тие  се наследници на Наумовото, Климентово и Прличевото дело.

И уште повеќе, сигурно не е можно да живеете покрај езеро а неговата убавина да не ве инспирирана да седнете и да запишете некој свој восхит од денот, глетката и случувањата. Ете токму тука се крие убавината на стиховите кои се содржани во овој Алманах, рече директорката Трпоска.

НУ Библиотека

 

 

 

Посетеност: 139
Share35
Admin

Admin

Поврзани вести

Нова книга: КОМПОЗИТОРИТЕ ОД ОХРИДСКИОТ РЕГИОН…

by Admin
април 17, 2025
0
Нова книга: КОМПОЗИТОРИТЕ ОД ОХРИДСКИОТ РЕГИОН…

17 април, 2025 г. Деновиве  излезе од печат книгата  „Композиторите од Охридскиот регион – историја, наследство и влијание“ од д-р Гоце Џуклески  и м-р Наумче Џуклески. -Ова дело...

Read more

Гордана Такец: ШТО Е ЖИВОТОТ АКО НЕМА КОМУ ДА ГО ДАДЕШ СВОЕТО СРЦЕ ?

by Admin
април 3, 2025
0
Гордана Такец: ШТО Е ЖИВОТОТ АКО НЕМА КОМУ ДА ГО ДАДЕШ СВОЕТО СРЦЕ ?

3 април, 2025 г.  На пултот за зајмување побарајте ги  трите нови романи на Гордана Такец: Руски рулет, Балканот е валкан и Нашите испуштени нешта. Писателката Гордана Такец...

Read more

„Искривена демократија“ нова книга од Иван Велјаноски

by Admin
март 25, 2025
0
„Искривена демократија“ нова книга од Иван Велјаноски

25 март, 2025 г. Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од печат излезе стихозбирката „Искривена демократија“ од роднокрајниот поет Иван Велјаноски. Книгата содржи 52...

Read more

„Никогаш пред ил’ потем“ – поема од Андреј ал Асади

by Admin
февруари 7, 2025
0
„Никогаш пред ил’ потем“ – поема од Андреј ал Асади

7 февруари, 2025 г. Пред два дена во рамките на чествувањето на ликот и делото на Григор Прличев“ во Охрид му беше врачена наградата за најдобра поема на...

Read more

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Што сторивме со спомениците и историјата?

by Admin
јануари 28, 2025
0
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Што сторивме со спомениците и историјата?

28 јануари 2025 г.  Историјата на човештвото е и историја на мојата земја, неповторлив дел вграден во сегашноста за да ни ја осветлува иднината. Оваа земја е запаметена...

Read more
Next Post
Ениз Хилми доби награда од „Темплум“ за најдобра дебитантска книга за збирката раскази „Градот што не го засакав на прва“

Ениз Хилми доби награда од „Темплум“ за најдобра дебитантска книга за збирката раскази „Градот што не го засакав на прва“

Поврзани вести

Нови изданија од старите, добри лектири

Нови изданија од старите, добри лектири

октомври 6, 2021
Пригодно одбележана 111 годишнината од раѓањето на Ванчо Николески

Пригодно одбележана 111 годишнината од раѓањето на Ванчо Николески

јуни 10, 2023
Нашата библиотека е прогласена за Библиотека на годината

Нашата библиотека е прогласена за Библиотека на годината

декември 8, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 139

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?