25 ноември, 2024 г.
На 80 годишна возраст во саботата почина колегата Слободан Стојаноски.
Стојаноски речиси сиот работен век го помина во нашата библиотека работејќи како помошник библиотекар и библиотекар во одделот за периодични публикации.
Во Градската библиотека „Григор Прличев“ се вработил на 15 декември 1969 а се пензионирал во 2009 година.
Слободан Стојаноски со колешките во стариот објект на библиотеката
Посмртните останки на починатиот Стојаноски ќе бидат изложени денеска во капелата на Градските гробишта во Охрид од 12 до 12 и 30 часот по што ќе биде и погребан.
Колективот на нашата библиотека изразува искрено сочувство до неговите ќерки и роднини.
НУ Библиотека