19 ноември, 2024 г.
Во рамките на меѓу библиотечната соработка утре – среда, напладне во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе бидат претставени дел од бројните активностите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ од Прилеп.
Предвидено е осврт кон раритетната поставка на библиотека да има м-р Моника Талеска, в.д. директор, на прилепската библиотека. Нивната издавачка дејност ќе ја претстави Петар Петрески – писател и поранешен директор на установата а за искуствата од соработка на библиотеката со Клубот на литературни творци – Прилеп ќе зборува Андриана Ристеска- претседател на Клубот и поетеса.
Во рамките на ова претставување публиката ќе може да ја види и еднодневната изложба на фотографии од раритетните книги сопственост на библиотеката од Прилеп.
НУ Библиотека