BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Нашата библиотека добитник на награда за нај издавач на книги од домашни автори за 2024 година

ноември 19, 2024
in Актуелно
Нашата библиотека добитник на награда за нај издавач на книги од домашни автори за 2024 година

19 ноември, 2024 г.

Во конкуренција од над 20 библиотеки од земјава  организаторите на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ од Македонска Каменица одлучија наградата за нај издавач за 2024 година за издавање на книги од домашни автори да и припадне на нашата  Националната установа Библиотека „Григор Прличев“.

Јаков од Камена Река бил македонски свештеник и писател кој живеел во 16-тиот век. Тој е роден во местото Камена Река, денешна Македонска Каменица.

На свеченоста закажана за 22 ноември – петок ќе биде прогласен и најчитаниот македонски автор според извештаите од македонските библиотеки.

Во рамки на второто издание на фестивалот ќе бидат доделени и наградите од конкурсот за убав испис на кирилица со краснопис на македонски јазик, кој освен за ученици од основните и средни училишта во Републиката, беше наменет и за возрасни категории (интернационален).

Пред свечената академија планирана е Работилница за краснопис и калиграфија која ќе ја водат проф. Георги Гоце Дуртаноски од Катедрата за калиграфија од Рига, Естонија, и Ласко Џуровски, типограф и графички дизајнер.

Ќе биде отворен и изложба на Часословот од Јаков од Камена Река на одбрани страници на старословенски и македонски јазик во превод на Епископот Делчевско – каменички  г. Марко.

Јаков потекнувал од свештено семејство. Во обновената печатница на Божидар Вуковиќ во Венеција отпечатил часослов на црковнословенски јазик во 1566 година, украсен со илустрации, знаменца и вињети. Од предговорот на печатениот „Часослов“ во Венеција кој дури кон средината на 20 век беше пронајден во едно охридско семејство кое со години го чувал  како семејна реликвија се дозна за името и делото на Јаков од Камена Река, што зборува за возвишеноста на македонската култура и ученост на Македонците.

Она што е импресивно и важно за оваа книга е прекрасниот опис на Јаков на неговото родно место и неговата татковина – Македонија. Тој напишал:

„Роден сум во Камена Река, во близина на големите Осоговски Планини… Моето почитувано семејство свештеници на оваа древна земја живее веќе долго време…

…Ја оставив Македонија, мојата татковина зад мене и дојдов во Венеција…“

НУ Библиотека

Посетеност: 155
Share32
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
На гости во нашата библиотека доаѓаат колегите од Градската библиотека „Борка Талески“ од Прилеп

На гости во нашата библиотека доаѓаат колегите од Градската библиотека „Борка Талески“ од Прилеп

Поврзани вести

„Мадам Кири“ – живот посветен на науката

„Мадам Кири“ – живот посветен на науката

ноември 3, 2020

Книгата е сон што го држиш во раце – Нил Гејман

јануари 14, 2021
На денешен ден пред 191 година роден е охридскиот поет и преродбеник Григор Прличев

На денешен ден пред 191 година роден е охридскиот поет и преродбеник Григор Прличев

јануари 18, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 155

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?