BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Јубилејна книжевна средба со Бранко Цветкоски во Охрид

октомври 23, 2024
in Актуелно
Јубилејна книжевна  средба со Бранко Цветкоски во Охрид

23 октомври, 2024 г.    

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  утре – четврток организира јубилејна книжевна средба со поетот, есеист, критичар, преведувач и публицист Бранко Цветкоски, по повод 70 години живот и 50 години творештво.

Беседници ќе бидат неговите колеги – поетите: Санде Стојчевски и Славе Ѓорѓо Димоски а модератор и актер ќе биде Роберт Вељановски.

Средбата ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид во 12.00 часот, а е поддржана од Министерството за култура и туризам и Општина Охрид.

Бранко Цветкоски роден е во Слатино, Охридско, 21 јуни 1954 година.

Завршил Филолошки факултет на универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Работел како новинар во весникот „Нова Македонија”, бил главен уредник на Книгоиздателството „Култура“, секретар на Друштвото на писателите на Македонија, претседател на манифестацијата „Рацинови средби”, директор на Македонскиот народен театар, уредник и главен уредник на списанието „Стремеж“, еден од основачите на Балканската книжевна фондација „Балканика“, основач, директор и главен уредник на издавачката куќа „Макавеј“ и списанието „Книжевно житие“, уредник – продуцент во Македонската информативна агенција (МИА), член на уредувачкиот одбор на едицијата „Македонска книжевност во 135 тома“ и на едицијата „Превод на литературни дела што добиле Нобелова награда“, како и директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Живее во Скопје.

Цветкоски е член на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија, почесен член на Сојузот на бугарските писатели, член на Словенската литературна и уметничка академија со седиште во Варна (Бугарија) и нејзин координатор за Македонија, член е на Академијата на убавите уметности – Вевчани.  Учествувал на книжевни фестивали, книжевни средби и на собири на интелектуалци низ Европа.

НУ Библиотека

 

 

Посетеност: 167
Share31
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Христина Трпеска в.д директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Христина Трпеска в.д директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Поврзани вести

Новата година дочекајте ја со книга во рацете

Новата година дочекајте ја со книга во рацете

декември 23, 2020
Во нашата библиотека побарајте го „Време“ новиот роман од Славко Илоски

Во нашата библиотека побарајте го „Време“ новиот роман од Славко Илоски

април 14, 2022
НУ Библиотека „Григор Прличев“ и ЛК „Деница“ започнуваат заеднички проект „За поубав свет“

НУ Библиотека „Григор Прличев“ и ЛК „Деница“ започнуваат заеднички проект „За поубав свет“

март 7, 2025

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 167

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?