6 октомври, 2024 г.
Деновиве Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија електронски го дистрибуира 69 издание на списанието „Повод“е посветено на литературата, културата, историјата и општествените прашања.
Овој пат насловната страница на списанието е резервирана за поетот Димче Џајкоски кој потекнува селото Велестово. Џајкоски е роден на 13.11.1958 година а од 1979 година живее и работи во Сиднеј.
Пет странци од списанието „Повод“ се резервирани за поезијата на Џајкоски.
„Повод“ во најновиот број донесува и стихови посветени на 11 Октомври од нашиот Иван Трпоски,како и извештајот на Милчо Јованоски, директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид посветен на августовската промоција на збирката песни „Секојдневен ореол “ од Оливера Јовановска.
Меѓу богатите содржини на списанието „Повод“ е и информацијата за новата книга на поетот Славе Ѓорѓо Димоски напишана на англиски јазик „Избрани песни“.
Погледајте го целото списани – отворете го PDF форматот.
НУ Библиотека