1 јули, 2024 г.
Деновиве во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид успешно беше реализиран уште еден во низата проекти финансирани од Министерството за култура.
Ученици од неколку охридски основни училишта беа дел од проектот „Слушај музика, напиши збор, насликај книга“ кој како надворешни соработнички и негови авторки го спроведоа професорките м-р Нина Момировска и м-р Ана Ѓоргиоска.
Креаторките на проектот користејќи ги веќе познатите светски искуства примениети во наши услови преку еднонеделниот клуб успеаа да развијат вештини кај децата – читатели и за музичко и сликовито визуелизирање на пишаниот збор, притоа дозволувајќи им да се нурнат во текстот преку музика и слика. Откако ќе ја завршеа обработката на книгата, учениците имаа можност да создадат слика која ќе го демонстрира нивното разбирање за текстот и главните ликови. За да ја развијат својата самодоверба и вештини за јавно говорење, тие ја презентираа својата работа пред нивните родители и другарчиња.
Библиотеката како организатори и домаќин на проектот за децата обезбеди блокови, бои, работни листови и секако секојдневно освежување и за децата и од тој аспект да се задоволни и среќни.
На крајот сите добија дипломи за посета на проектот а среќата и задоволството од постигнатото не ги криеја ни децата, ни родителите, ни менторките.
Галерија од фотографии од Проектот побарајте на фејсбук профилот и фан страницата на нашата библиотека
НУ Библиотека