20 јуни, 2024 г.
Утре, петок, во чест на Денот на Охридското Езеро во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ на платото пред оваа установа од 11 часот ќе се одржи завршницата од поетско – музичкиот перформанс „Слушни го езерото“.
Со свои творби ќе настапат десеттина поети од Охрид, Струга и Поградец – Албанија. На настанот ќе присуствуваат и директорките на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга и Библиотеката „Митруш Кутели“ од Поградец.
Ученици од основните училишта ќе постават изложба со цртежи сврзани со езерото а ќе настапат и млади музичари од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид.
Проектот е дел од Годишната програма на Библиотеката за оваа 2024 година, финансирана од Министерството за култура.
НУ Библиотека