21 мај, 2024 г.
Денеска во Библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово се одржа 23.Републички натпревар Млади библиотекари на кој учествуваше и нашата Бојана Башоска од ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани под менторство на Емилија Митреска. Таа пред неполн месец победи на Регионалниот натпревар организиран во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
-На натпреварот учествуваа 25 ученици од основни училишта од различни градови од земјава, а организатор беше Библиотекарското здружение на Македонија.
Првото место го освои Ардита Зенку од Кичево, второпласиран беше Андреј Петровски од Градско, а третото место и’ припадна на Анисија Петрушевска од Скопје.
Тројцата најуспешни млади библиотекари добија подарок книга и вредносен ваучер донација од Нептун Македонија, како и дипломи. Останатите учесници и ментори добија дипломи и книга, рече директорката на библиотеката домаќин Христина Алексовска.
Во комисијата која го спроведе натпреварот годинава беа: Андријана Апостоловска, Билјана Аџиова – Панџарова, Тања Гошева, Сандра Глигориевска (член од домаќинот) и член од менторите.
Како поддршка на младата Бојана Башоска со неа беа и директорката на училиштето Валентина Рубаноска, директорот на нашата библиотека Милчо Јованоски и тројцата библиотекари: Бети Лазеска – Симоноска, Христина Трпевска и Никола Ристовски кои во улога на комисија претходно успешно го реализираа Регионалниот натпревар.
Идната година домаќин на Републички натпревар ќе биде Кичево.
НУ Библиотека