BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Заеднички со Црвен крст го промовираме проектот: „Книгата поблиску до старите лица“

април 9, 2024
in Актуелно
Заеднички со Црвен крст го промовираме проектот: „Книгата поблиску до старите лица“

9 април, 2024

Вчера во НУ Библиотека “Григор Прличев“ директорот на установата Милчо Јованоски заедно со Сашо Точков,  претседател на Црвен крст – Охрид во присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска го промовираа и го означија почетокот на Проектот „Книгата поблиску до старите лица“ финансиски поддржан од Министерството за култура , како дел од Годишната програма на библиотеката.

Се’ започна пред две години  кога во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица во посета на Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид беа  членови на  „Најди време“.

Директорот Јованоски и Горка Донеска, координаторката на проектот, тогаш  договорија три  месеци  лицата кои од разни причини не можат да дојдат да земаат книга во Библиотеката а сакаат да читаат  да бидат бесплатно зачленети а книгите од Библиотеката до нивниот дом и назад ќе им ги дистрибуираат волонтери од Црвен крст – Охрид.

Тој пилот – проект се покажа успешен, но поради недостаток на финансиска поткрепа  полека згасна и се реализираше инцидентно.  Но, соработката со луѓето вклучени во програмата „Најди време“  успешно се продлабочи со нивно континуирано присуство во Библиотеката и активно учество во настаниите.

Наскоро ќе започне обука на волонтерите и лицата од оперативното тело „Најди време“ која ќе ја спроведат библиотекарите.  Библиотеката и Црвен крст – Охрид планираат да подготват и подолгорочен проект кој ќе биде претставен пред меѓународни и домашни донатори.

Претходно активистите  ја разгледаа библиотеката, имаа можност да одберат книги кои сакаат да ги читаат а од вчера со десеттина нови изданија кои ги добија како подарок ќе биде збогатена библиотеката во  Црвен крст.

-Овој проект е вистински пример како ги чуваме и ги споделуваме културните вредности и културата ја правиме достапна за секого.  Библиотеките се трезор на нашето колективно учење и знаење, а охридската библиотека која оваа година е поддржана со над 1 милион денари само за програма, низ годините го потврдува исклучителното значење за културниот развој на градот.

Продолжуваме да ги поддржуваме сите категории граѓани во своето усовршување и повисок квалитет на живот, рече во неврзаниот разговор со присутните министерката за култура Бисер Костадиновска – Стојчевска.

Во таа пригода директорот Јованоски и’ врачи статуетка на министерката за култура Костадиновска – Стојчевска за Министерството за култура а во знак на благодарност за лани поддржаниот проект  Светски патувачки поетски фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“. Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ три дена во Охрид гостуваа поети од Романија, Унгарија, Словачка, Босна и Херцеговина, Бугарија,  Косово и Северна Македонија.

Точно пред една година на завршниот настан претседателот на академијата од Крајова, академик Јон Деаконеску го одликува академик Миле Д. Миќуновиќ од Охрид со титулата Почесен член на Академијата во Крајова а министерката за култура на Северна Македонија,  Бисера Костадновска – Стојчевска и  Милчо Јованоски, првиот човек на охридската библиотека како најзаслужни за оваа светска поетска средба беа одликувани со медали „Михаи Еминеску“ од страна на Извршниот комитет на Меѓународната академија а беа прогласени и за Амбасадори на културата од страна на истоимената Европска фондација и Меѓународна академија „Михаи Еминеску“ од Крајова – Романија.

НУ Библиотека

 

 

Посетеност: 165
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

by Admin
мај 13, 2025
0
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

13 мај, 2025 г.  Типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски деновиве ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и пред вработените го презентира новиот предлог - визуелен...

Read more

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

by Admin
мај 2, 2025
0
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.     Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more
Next Post
Костадиновска-Стојчевска: Охриѓани имаат богата културна програма и книги достапни за сите генерации

Костадиновска-Стојчевска: Охриѓани имаат богата културна програма и книги достапни за сите генерации

Поврзани вести

Списоци со цени – продажба на публикации од капиталните едиции

мај 26, 2020
Промовирана е дигиталната платформа makedonski.gov.mk на која е поставен „Толковниот речник на македонскиот јазик“

Промовирана е дигиталната платформа makedonski.gov.mk на која е поставен „Толковниот речник на македонскиот јазик“

мај 5, 2021
Луѓето кои сакаат да читаат книги се посебни

Луѓето кои сакаат да читаат книги се посебни

февруари 11, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 165

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?