Библиотекарки од Полска со нивните домаќини од Тетово во посета на Охрид

Библиотекарки од Полска со нивните домаќини од Тетово во посета на Охрид

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 15 Mar 2024

15 март, 2024 г. 

Во посета на нашата библиотека беа Бoгуслава Јашек  и Катаржина Крол библиотекарки од Градската библиотека во Гдиниja, во близина на Балтичкото Mоре.

Колешките од Полска во рамките на Еразмус проект посетуваат македонски библиотеки, меѓу кои и нашата, а со тоа разменуваме искуства и добри практики во работењето во мултикултурни средини. Соработката продолжува со идни заеднички проекти и размени на знаења и искуства со цел подобрување на услугите кон сите корисници.

Нивни домаќини беа колегите од НУ Библиотека „Кочо Рацин“ од Тетово. Во Охрид беа  придружувани од колешките Елизабета Трпеческа – Петрушевска и Габриела Ристоска.

НУ Библиотека