BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Амбасадорот на Република Полска Гжелчик донира книги во охридската библиотека

февруари 15, 2024
in Актуелно
Амбасадорот на Република Полска Гжелчик донира книги во охридската библиотека

15 февруари, 2024 г. 

Во рамките на проектот „Полска полица – книги од полски автори на полиците од македонските библиотеки“ денеска во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид беше амбасадорот на Република Полска во Скопје Кшиштоф Гжелчик кој беше примен од директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски.
Во таа пригода амбасадорот Гжелчик придружуван од сопругата Јоланта Гжелчик која воедно е и координатор на проектот на охридската библиотека и’ подари над 50 наслови како од класичната, така и од современата литература преведени на македонски јазик со што е збогатен библиотечниот фонд со дела од полски автори.

Директорот, Јованоски по заедничкиот разглед на библиотеката накусо ги запозна гостите со историјатот на Установата, нејзиното постоење , функција и идеите за развој. Во знак на почит Јованоски на амбасадорот Гжелчик му врачи Благодарница и мал комплет книги сврзани со и од библиотеката кои се дел од сопствената издавачка програма.

Договорено е неколкумина охридски библиотекари на 27 февруари да учествуваат на семинарот за полска литература во Скопје на кој ќе бидат разгледани и други прашања од суштинско значење за библиотеките меѓу кои и оние поврзани со промоција и маркетинг во библиотеките.

Предавачи ќе бидат научни работници од Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје и претставници од Институтот за книга од Полска. Покрај Охрид во проектот се вклучени уште шест библиотеки од Скопје ( две ) , Битола, Тетово, Штип и Гевгелија. Проектот е поддржан од македонското Министерство за култура а носител е ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје.

 


Охридската библиотека со радост и задоволство јас прифати идејата на полската амбасада и амбасадорот Гжелчик во мај годинава да биде организиран „Месец на полска литература“. По тој повод ќе дојдат полски автори и илустратори кои ќе можат да се сретнат со читателите а планирани се и ликовни работилници за деца.
НУ Библиотека

Посетеност: 187
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Нечовски: Се радувам што по многу ЦД и ДВД изданија објавив и стихозбирка

Нечовски: Се радувам што по многу ЦД и ДВД изданија објавив и стихозбирка

Поврзани вести

Видео – записи со поезијата на Конески во Годината посветена на великанот на македонската култура

Видео – записи со поезијата на Конески во Годината посветена на великанот на македонската култура

декември 7, 2021

Прличевата „1762 лето – Своевидна и неофицијална химна на Охрид

мај 31, 2020
Спомен – бистата на Прличев на нова локација, непосредно до Библиотеката

Спомен – бистата на Прличев на нова локација, непосредно до Библиотеката

октомври 22, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 187

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?