BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со богата програма за Прличев

февруари 4, 2024
in Актуелно
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со богата програма за Прличев

4 февруари, 2024 г. 

Настанот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ во вторник ( 6 февруари ) од 13 часот ќе биде во знакот на одбележувањето на 130 годишнината од објавувањето на  неговата „Автобиографија“.

„Охридската визита“ ќе започне со изведбата на неповторливата „1762 лето“ во инструментална изведба на КУД „Ѓердан од бисери“ а извадоци од Прличевата „Автобиографија“ ќе чита Даријан Ангелоски.

Беседа за Прличев под наслов: Григор Прличев – метонимија на македонската гордост и страдање ќе одржи професор д-р Елизабета Шелева. Во дел од беседата д-р Шелева ќе рече:

-Од една страна, Прличев беше доволно умен, образован, даровит – за да може (повеќе од сите околу себе) во срж да ги согледа и непогрешливо да ги разлачи и докосне нештата во светот и околу себе, а потоа (по налог на својот личен комфор и мир) – пресметано да ги одмолчи и премолчи видените гадости и сторените туѓи неправди. Од друга страна, Прличев беше фрлен во вителот на балканските проклетства, социо-економски и културни асиметрии – кои НЕ му дозволија чесно и заслужено да ужива во плодовите на својот труд и талент, ами до крај да се јадосува и однатре да се премерува со остриот сатар на сопствената заповед (на прочуената негова максима) “Совршенство или смрт”!

Младата студентка Алма Шемо од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје , по потекло од Охрид е годинашна добитничка на ласкавата награда за Најдобра беседа на распишаниот конкурс од страна на охридската Библиотека под наслов: „Како против пизмата?“.

Реч за наградената беседа ќе одржи професор Татјана Дурнева – претседателка на конкурсната комисија а потоа откако ќе и’ биде врачена наградата  – авторката Шемо ќе прочита извадок од беседата.

Свое обраќање на визитата во улога на домаќин ќе има и директорот на Библиотеката, м-р Милчо Јованоски кој пред присутните ќе направи кус пресек на достигнувањата на установата меѓу двете одбележувања на патронатот.

„Охридската визита“ во рамките на беседите е финансиски поддржана од Министерство за култура и Општина Охрид.

НУ Библиотека

 

Посетеност: 182
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Бевме присутни и на „Стихови и звуци“ во родната куќа на Прличев

Бевме присутни и на „Стихови и звуци“ во родната куќа на Прличев

Поврзани вести

Италијанскиот амбасадор Силвестри беше во посета на нашата Библиотека

Италијанскиот амбасадор Силвестри беше во посета на нашата Библиотека

август 5, 2022
Нови автори , нови книги…

Нови автори , нови книги…

октомври 21, 2020
Конкурс на тема „Љубов“ – Љубовта кон сѐ е вечна инспирација

Конкурс на тема „Љубов“ – Љубовта кон сѐ е вечна инспирација

март 1, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 182

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?