Годината ни почна убаво во еден ден 54 читатели на одделот за зајмување

Годината ни почна убаво во еден ден 54 читатели на одделот за зајмување

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 03 Jan 2024

3 јануари, 2024 г. 

Вчера, првиот работен ден во Новата 2024 година за НУ Библиотека „Григор Прличев“ помина повеќе од успешно.  Во одделот за зајмување да вратат или да позајмат книга дојдоа 54 наши членови. 

Прв читател кој не посети беше новинарката Валентина Неловска. Колегите нејзе и на останатите триесеттина посетители им подарија и по една новогодишна честитка  изработени  од вредните раце на учениците од ООУ „Христо Узунов“ од Охрид.

     

Уште еден податок ни влева надеж дека оваа година ќе биде поуспешна за нас како Установа, во 2023  нашето читателско семејство се зголеми за нови 400 читатели.

     

Потсетуваме дека годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.

Туак сме за Вас од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

НУ Библиотека