Конкурс за најдобра беседа во чест на Прличев, на тема: Како против пизмата?

15 декември, 2023 г. 

Во пресрет на манифестацијата “Прличеви беседи” 2024 година НУ Библиотека “Григор Прличев” од Охрид распишува Конкурс за избор на нјдобра беседа посветена на нашиот патрон, големиот поет и преродбеник Григор Прличев на тема: Како против пизмата? 

Познато е и од неговата „Автобиографија“ дека Прличев најчесто држел беседи пред охриѓани во црквата „Св. Богородица – Перивлепта“. Често зборувал и за нетрпеливоста меѓу луѓето и лошите намери, едни против други и како да се надмине тоа. Со конкурсот сакаме  да го поттикнеме творештвото на младите луѓе да пишуваат креативно и да го збогатат својот израз.
ПРОПОЗИЦИИ:

На Конкурсот можат да се пријават  сите млади од 15 до 30 годишна возраст од Република Северна Македонија.

Беседата Како против пизмата? не смее да биде поголема од 3000 зборови и треба да е напишана во фонтот ariel 12.

Беседите не смеат да имаат во себе  политичка, етничка и верска содржина,  туку треба да носат универзална порака за мир, љубов, соработка и претходно да не се публикувани…

Комисијата ќе ја оценува нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина.

Беседите до Комисијата се испраќаат исклучиво под шифра и авторот треба да ја наведе само возраста.

Беседите авторите треба да ги достават во печатена форма во три примероци до НУ Библиотека „Григор Прличев“ ул. „Македонски Просветители“ бр. 2 Охрид, 6000

Конкурсот е отворен до 15  јануари, 2024 година.

Шифрите на трите наградени Беседи ќе бидат објавени најдоцна до 2 февруари, 2024 на веб страницата на Библиотеката и преку медиумите.

Наградите на најдобрите тројца автори кои со посeбeн примерок ќе го докажат авторството ќе им бидат врачени на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2024 во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

НУ Библиотека

Поврзани вести

На  Втората роднокрајна средба промовирани Алманах и ДВД „Роднокрајни автори – аудио записи 2024 “

21 јуни, 2024 г.  Охрид, почнувајќи од Св. Климент,  преку Прличев, па се’ до денес е плодна почва и расадник, но и вечна инспирација за роднокрајните автори. Во...

Read more
Next Post

Поврзани вести

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?