8 септември, 2023 г.
Во охридската библиотека „Григор Прличев“ промовирана е книгата „Зад нас“ од Наташа Андрееска, долгогодишен новинар и одговорен уредник во Македонското радио. Станува збор за дело со 51 радио колумни емитувани на Македонското радио и според зборовите на авторката, книгата претставува институционална меморија и архива за нашиот културен, политички и социјален идентитет. Ова е трето дело на Анрдееска по книгите „Размисли“ и „Тука околу нас“
„Таа зборува со многу емоции, ги пренесува емоциите и пренесува она што обичните луѓе не можат да го кажат јавно. Таа преку нејзе како медиум, всушност каде што работи во медиум ги пренесува нивните ставови, размислувања за животот и она што ни се случува околу нас“, рече Милчо Јованоски, промотор на книгата.
Според авторката ова дело малку доцни поради ковид кризата и затоа го носи насловот „Зад нас“. Оставивме зад нас многу нешта, многу порази и успеси рече Андрееска, а тоа „Зад нас“ ни дава надеж и не крепи да тргнеме напред во нови предизвици што ги дава животот.
„Никако да сфатиме дека ние сме само патници во возот наречен време кој не вози одреден број на денови и кога ќе дојде крајот сите одиме на едно место. Значи битно е од тие порази и успеси да сфатиме дека пред нас е иднината која носи многу убавини и вредности кои треба да се сфатат навреме“, вели Наташа Андрееска, автор на книгата.
Токму поради тоа како што рече Андрееска книгата претставува еден модерен и современ водич за секој од нас да оди кон вистината и да сфати дека животот е еден пат, но секого од нас носи во различни насоки и секој од нас ја избира својата иднина.
Сашо Нелоски МТВ
НУ Библиотека