Промоција на стихозбирката „Набљудувај небо“ од Маја Мојсова

Промоција на стихозбирката „Набљудувај небо“ од Маја Мојсова

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 19 Aug 2023

19 август 2023 г. 

Во понеделник, 21 август, од 12.00 часот, во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде промовирана новата стихозбирка „Набљудувај небо“ од авторката Маја Мојсова.

Промотор на книгата е д-р Марина Мијаковска, која воедно е автор на поговорот на книгата. За своето дело ќе говори и поетесата Мојсова.

„Набљудувај небо“ е четврто поетско остварување на Мојсова, а седма по ред публикувана книга. Издавач е ЗПРКДУ „Креативна верига“.

НУ Библиотека