BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

Охрид кој повеќе го нема: Некогаш секое поголемо претпријатие во градот издаваше весник, денес излегува само еден

август 5, 2023
in Околу нас
Охрид кој повеќе го нема: Некогаш секое поголемо претпријатие во градот издаваше весник, денес излегува само еден

5 август 2023 г. 

Седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век беа златното време на развој на Охрид и печатените медиуми. Во овој период во Охрид се издаваа дузина весници, а поголемите претпријатија имаа свои редакции. Во Охрид во рамките на Радио Охрид – Центар за печат и радио излегуваше месечникот „Езерски глас“.

Но, весници излегуваа или печатеа и редакции во рамките на големите претпријатија и фабрики: „Отекс“, „ЕМО“, „Застава ХТД“, ГП „Трудбеник“ и други. Тие ги бележеа работните, но спортските, културните и другите успеси со кои ден денес се гордее градот. На овие убави времиња со доза на носталгија се потсетија поранешни и актуелни новинари на отворената трибина „Мирисот на оловото“, што деновиве се одржа во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Само градот со настаните што се случуваа во Охрид нас не направија новинари, вели Веле Митаноски, поранешен новинар во Радио Охрид и агенцијата Танјуг.

Ако јас не работев во оваа професија никогаш немаше да се сретнам со кралот на денешна Британија и бројни великани од светот за кои сум пишувал, се сеќава  Митаноски.

Езерски глас почнал да се печати во 1971 година, се до 1987 година. Во овој весник покрај бројните значајни настани кои го одбележувале животот во Охрид, објавувани се и стории, репортажи, како и интервјуа и разговори со истакнати општественици од Охрид, Македонија и поранешната држава.

Една од најголемите новинарски редакции во „златното време“ на Охрид ја имаше поранешниот текстилен гигант Отекс. Елида Битрак, некогаш дел од редакцијата на Отекс во чии рамки функционираа весник, радио и библиотека, со задоволство раскажува за времињата кога Охрид можеше да се пофали со успеси на сите полиња.

Имавме огромен фонд на литература од секој жанр, а во рамки на Отекс имавме и ракометен клуб и културно уметничко друштво. Тогаш имаше добра соработка со сите колеги од другите редакции по фабриките, но и со Радио Охрид, националната телевизија, Нова Македонија. Тоа беше многу порелаксирано време. – се сеќава Елида Битрак.

Нејзиниот колега Боро Наумоски, работел на техника во радиото при Отекс.

Пуштањето музика беше релаксација за вработените. Имаше и ургенции каква музика да пуштаме, сите имаа свои желби. Јас успеав да направам една селекција на плочите кои ги поседувавме, со што квалитетната остана, а другата „музика“ заврши на отпад, иако на некој не му беше драго. – раскажува Наумоски.

Владо Жура, поранешен новинар во Радио Охрид и уредник на весникот кој го издаваше ГП Трудбеник, се потсети дека првата просторија на Радио Охрид била во денешните простории на Градската библиотека.

Работев претежно на емисии и настани од културата. Да се биде новиар навистина е многу интересна работа, затоа што секој ден среќаваш нешто ново. Од 1971 работев и во Езерски глас, имав задача по три текста да правам. Направив интервју со Ден Долард и многу стории на теми од сферата на културата. По враќањето од војска променети беа работите во радиото, а јас добив понуда да работам на весникот во Трудбеник. Таму најдов големо разбирање кај тогашното раководство и директорот Зарчев. Имаше специфика работењето во Трудбеник кој имаше 3000 вработени од различни области кои ги имаше во земјата и светот. Весникот требаше да добие една друга физиономија, а јас знаев што ги интересира работниците и тие кои беа тука, и тие кои беа надвор од дома. Гледавме весникот да биде интересен за секој читател, не само за работниците. – истакна Жура.

Поранешниот новинар во Радио Охрид и Езерски глас, Славко Николоски, вели дека печатените медиуми ја доживуваат судбината на новото време, па затоа и со носталгија се сеќаваме на времето кога Охрид имаше бројни весници.

Жалам што работев во времето кога се укина Езерски глас во 1987. Но во периодот кога се печатеше тоа се правеше професионално. Езерски глас остави зад себе голема трага, а и Охрид со збиднувањата дозволуваше написите да бидат богати и полни со значајни теми и соговорници. Исклучителен придонес даваа и весниците во претпријатијата од каде црпевме инспирација и теми. – рече Николоски.

Митре Вељаноски, поранешен  новинар, со доза на критика направи паралела на работата на медиумите некогаш и сега, псочувајќи дека денес лошите вести имаат предност во медиумите, што е исклучително погрешно.

За да бидеш новинар тогаш прво мораше да бидеш писмен. Второ, тогаш приоритет имаше убавото, имаше вредносен систем, се истакнуваа тие што постигнуваа резултати на секој план и во секој весник, независно дали беше фабрички весник, Езерски глас или Нова Македонија. Тогаш беше борба по убавото и тоа беше она што прави разлика меѓу тоа време и ова време. Затоа сите имаме чувство дека сега живееме во неубаво време, а тогаш беше убаво време, бидејќи сите ние сме продукт на медиумите, она што го примаш секој ден влијае врз тебе. – рече Вељаноски.

Координаторот на Здружението на новинарите на Македонија за Охрид и Струга и основач на првиот информативен портал во земјава OhridNews, Горан Момироски, посочи дека за разлика од пред педесет години,  Охрид денес нема печатени весници кои редовно излегуваат.

Единствениот печатен медиум го издава редакцијата на OhridNews, кој е годишник. Се работи за Годишната ревија на настани во која се поместени најзначајните случувања во градот во текот на една календарска година, како и успешните приказни кои оставаат трага во живеењето во Охрид. Оттаму од исклучително значење е да се зачува богатата архива на некогашните весници кои излегувале во Охрид, бидејќи тоа е историја на градот. – потенцира Момироски.

Директорот на охридската библиотека, Милчо Јованоски, рече дека во тек се подготовки за дигитализација на печатените весници кои некогаш излегувале во Охрид, за што остварен е контакт и со Државниот архив во Охрид.

Овие траги во времето зачувани во нашето Одделение за периодика кои допрва треба да се истражат и дигиталзираат ќе сведочат за животот на Охрид, за неговиот општествено – економски растеж. – истакна Јованоски.

Автор: Горан Момировски

Охрид њуз

НУ Библиотека

Посетеност: 169
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

ДРУГИТЕ ЗА НАС. horticulturna. biblioteka .org.mk ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ У оквиру активности које су део промоције и развоја мреже хортикултурних библиотека, у Охриду је реализован пројекат из годишњег програма НУ Библиотеке „Глигор Прличев“...

Read more

Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

by Admin
јуни 10, 2025
0
Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

10 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на Годишната програма за работа во текот на овој месец  ќе го спроведе Проектот: „Книгата најдобар...

Read more

Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански во Пула

by Admin
јуни 1, 2025
0
Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански  во Пула

1 јуни 2025 г. Деновиве нашите роднокрајни автори Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански настапија на две меѓународни поетски манифестации во Пула – Хрватска. 14. издание на...

Read more

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

by Admin
мај 24, 2025
0
Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

24 мај, 2025 г. ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид во рамките на својата меѓународна соработка со сродни училишта од Балканот деновиве е домаќин на ученици и наставници  од...

Read more

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more
Next Post
Промовирана книгата „Авантурите на космонаутко“ промовирана во Охрид

Промовирана книгата „Авантурите на космонаутко“ промовирана во Охрид

Поврзани вести

Нови книги за деца и возрасни

Нови книги за деца и возрасни

јануари 27, 2021
По повод 8 Март преку ЗУМ вклучете се во предавањето за три руски писателки

По повод 8 Март преку ЗУМ вклучете се во предавањето за три руски писателки

март 7, 2021
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид утре гостува Милан Николиќ Изано

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид утре гостува Милан Николиќ Изано

ноември 27, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 169

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?