BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Заврши проектот „Читаме гласно и раскажуваме“

јуни 2, 2023
in Актуелно
Заврши проектот „Читаме гласно и раскажуваме“

2 јуни, 2023 г. 

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се читаше гласно и се раскажуваше на македонски литературен јазик.

Проектот „Читаме гласно и раскажуваме“ беше одобрен од Министерството за култура и е дел од годишната програма за работа на установата и прв од ваков тип спроведен во Охрид и во Установата.

Се работеше со 25 деца од четири општински основни училишта:  „Христо Узунов“,„Григор Прличев“, Св.Климент Охридски“ и „Братство Единство“.Подготовките траеа околу три месеци а конкретната реализација се одвиваше две работни недели.

Многу прочитани раскази, многу раскажани приказни, многу нови пријателства деновиве се случија во НУ Библиотека „Григор Прличев“. Ученици со потешкотии во читањето и изразувањето од второ и трето одделение  имаа можност да прераскажуваат обработени и самостојно прочитани текстови и да прераскажуваат вистински и измислени настани и доживувања.

Поттик да се реализира ваков проект препознаен – позитивно од Министерството за култура беше една вест објавена во медиумите во која се вели: „Мултииндикаторското кластерно истражување спроведено од Државниот завод за статистика покажа дека 45% од децата од второ одделение имаат основни вештини за читање или можат правилно да прочитаат 90% од зборовите во расказот.  Можат да одговорат на три прашања за буквални значења и за две изведени значења. 68% правилно умеат да ги прочитаат зборовите, но само половина од нив успеале точно да одговорат за изведените значења“.

Носителот на проектот Бети Лазеска – Симоноска – библиотекар заедно со нејзините колешки Христина Трпеска и Весна Симоноска, библиотекари во зајмување и обработка, со помош и на останатите колеги  се среќни што Проектот заврши успешно а одгласите од него се позитивни, како меѓу децата,нивните родители и во јавноста.

Лазеска – Симоноска вели:  „Соработката беше обострана, и затоа упатуваме голема благодарност до директорите на основните училишта, наставниот кадар, а најмногу до родителите кои ни дадоа согласност да ги држиме часовите.Во изминативе две недели реализиравме практични вежби за читање на текстови со различни содржини, со цел, да се надминат потешкотиите во читањето и раскажувањето. Вежбите беа одржувани во еден поинаков амбиент, во просториите на библиотеката, децата се чувствуваа послободни, а успеавме и  да им ја доближиме библиотеката до нив.

Децата – учесници беа избрани  со помош на наставниците. Тоа се токму тие кои имале потешкотии во читањето.  На последен час беше одржан натпревар во читање. Тие што најбрзо и најтечно го прочитаа  текстот  добија награди – книги. Сите добија диплома за учество во проектот.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ веќе работи на уште еден сличен Проект исто финансиран од Министерстволто за култура со наслов: „Книгата најдобар другар на децата“ чија завршница ќе биде на почетокот на идниот месец – јули.

НУ Библиотека

Посетеност: 184
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Пригодно одбележана 111 годишнината од раѓањето на Ванчо Николески

Пригодно одбележана 111 годишнината од раѓањето на Ванчо Николески

Поврзани вести

Фотографии од новиот работен простор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Фотографии од новиот работен простор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

декември 9, 2021
Лилјана Стоилковска утре во Охрид гостува со монодрамата „Љуба“

Лилјана Стоилковска утре во Охрид гостува со монодрамата „Љуба“

март 13, 2025
Промоција на книгата „Аз, буки, веди – Тајната на словото“ од Григор Костески

Промоција на книгата „Аз, буки, веди – Тајната на словото“ од Григор Костески

април 8, 2025

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 184

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?