23 мај,2023 г.
Во пресрет на Денот на сесловенските просветители браќата Св .Кирил и Методиј во НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска во Охрид се одржа Омаж посветен на животот и творештвото на покојниот професор по македонски јазик и писател Коста Фортомар од Охрид.
На настанот за значењето на сесловенските просветители Кирил и Методиј и за писателот Фортомар зборуваше директорот на библиотеката Милчо Јованоски.
Извадоци од делата на Фортомар читаат ученици од Гимназијата „ Св. Климент Охридски“ под менторство на професорката Светлана Голабоска, како и внуците на писателот: Тамара Фортомароска, Софија и Виктор Милевски.
Обраќање на настанот имаше и неговата ќерка д-р Благовесна Фортомароска – Милевска.
НУ Библиотека