3 мај, 2023 г.
Минатата недела меѓу гостите – учесници на Третата Меѓународна конференција на библиотекарите во организација на Библиотекарското здружение на Македонија во Охрид беше и Џудит Геренсер, заменик директор на националната библиотека од Будимпешта – Унгарија.
Таа имаше свое обраќање на Конференцијата а на нејзино барање ја посети и НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.
Од директорот на Библиотеката Милчо Јованоски беше накусо информирана за поставеноста на нашата установа, нејзината историја , сегашност и со плановите за нејзин иден развој.
Заменик директорката Геренсер рече дека е веќе воспоставена соработката меѓу двете национални библиотеки од Унгарија и Северна Македонија и дека наскоро ќе започне реализацијата на проекти кои се од заеднички интерес.
Во таа насока таа изрази желба и Библиотеката од Охрид да биде вклучена во нив, особено во дигитализацијата и заштитата на книгите кој не е лесен и едноставен, туку долг и континуиран процес.
НУ Библиотека
НУ Библиотека