Тоде Илиевски постхумно прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“

9 март, 2023 г. 

Тоде Илиевски постхумно прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ на настанот кој беше организиран од страна на здружението „Креативна верига“ поддржано од Општина Охрид, а на кој беа доделени и наградите од нововостановенииот конкурс за најдобра детска песна „Тоде“.

На настанот сврзан со роденденот на лани починатиот Тоде Илиевски присуствуваше и неговата ќерка Ана Илијовска – Богиќ. Во име на Библиотеката директорот Милчо Јованоски на Илијовска – Богиќ и’ врачи Благодарница со која нејзиниот татко – постхумно е прогласен за Почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, информираат од Библиотеката.

Ана Илијовска – Богиќ најавила дека сака богатата семејна библиотека да ја подари на охридската Библиотека во која Тоде беше директор и ја помина последната деценија од работниот век, додаваат од Библиотеката.

Извор: OhridNews.com

НУ Библиотека

Поврзани вести

Next Post

Поврзани вести

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?