10 февруари, 2023 г.
На пултот за издавање во охридската Библиотека може да се позајмат најновите три изданија промовирани на манифестацијата „Прличеви беседи 2023“.
Од Библиотеката информираат дека монографијата „70 години Библиотека ‘Григор Прличев’ Охрид“ од авторот Милчо Јованоски може да се позајми, но и да се купите по цена од 400 денари примерок.
Библиотеката лани одбележа 70 година откако го носи името на големиот поет и преродбеник од 19 век Григор Прличев. Тоа беше убав повод, гордо следејќи ја традицијата на Св. Климент Охридски и нашиот Патрон Прличев како автор да се зафатам со монографско меморирање на еден долг период од цели 25 години и да се надоврзам на основата која несебично срочена во монографија под наслов: Охридската библиотека „Григор Прличев“ издадена во 1998 зад себе ја остави нашата покојна колешка Маринела Јовановиќ. Тој континиуум изнедрен векови наназад носи со себе датуми кои не смеат да бидат заборавени. Но и настани и луѓе кои оставиле и оставаат трага во живеењето на Библиотеката и на овој наш сакан, убав и мил Охрид, каков што е опеан во безброј песни, вели авторот Јованоски во предговорот на монографијата.
Во рамките на беседите во Прличевата куќа градоначалникот Кирил Пецаков на директорот на Библиотеката Јованоски му врачи по еден примерок од двата тома од „Автобиографијата“ од Прличев отпечатена со Брајово писмо.
Издавач е Алдебаран од Струга а преводот, адаптацијата, белешките и поговорот се на поетот Славе Ѓорѓо Димоски.
Најновата понуда од Библиотеката ја заокружуваме со печатеното издание на најдобрата поема за 2023 „Коњски житија“ од Зоран Анчевски од Конкурсот „Григор Прличев“ распишан од страна на истоимениот Центар за култура во Охрид, велат во соопштението.
Потсетуваат дека НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид со читатели работи од понеделник до петок од 8:30 до 18:30 часот, а годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.
Воедно информираат дека околу позајмувањето на книги, продолжување на рокот и други прашања сврзани со издавањето корисниците може да се јават на телефонот 046 264 838 или преку меил адресата prlicev_ cobiss3@yahoo.com.
НУ Библиотека