BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Библиотеката достојно се вклучи во „Прличевите беседи 2023“

февруари 7, 2023
in Актуелно
Библиотеката достојно се вклучи во „Прличевите беседи 2023“

7 февруари, 2023 г.

Вчера во рамките на манифестацијата „Прличеви Беседи“ продолжија настаните со кои под покровителство на Министерството за култура и  Општина Охрид традиционално институциите чиј патрон им е Прличев  го  чествуваат неговиот  ликот и дело. Годинава се’ беше во знакот 130 годишнината од смртта на големиот поет и преродбеник Прличев.  

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и претставници на институции  кои го чествуваат Прличев и на организации и политички партии присуствуваа  на панихидата која се одржа на вечното почивалиште на Григор Прличев во дворот на црквата „Света Богородица Перивлепта“.

Во име на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ пред неговиот гроб свежо цвеќе положија: Бети Лазеска – Симоноска , Елена Станкоска и Никола Ристовски.

Веднаш потоа на настанот „Стихови и звуци за Прличев“ кој се одржа во спомен куќата на ловороносецот говореше градоначалникот Кирил Пецаков.

– Голема е честа и неописливо е чувството на гордост што сум дел од овој настан и што имам можност да говорам за големиот Григор Прличев, нашиот најпознат охриѓанец и еден од најмаркантните дејци во македонската историја.

Иако се навршуваат 130 години од неговото упокојување, ликот и делото на Прличев останува нераскинлива врска помеѓу сегашноста и минатото и претставува светол пример, кој ни дава сила во нашите напори да обезбедиме подобро утре и поубава иднина за новите генерации.

Опсежната книжевна критика го опишува Прличев како најгенијалниот поетски талент и најсветлата ѕвезда на македонското литературно небо, кој со право го заслужува епитетот „Втор Хомер“.

 

Им честитам и им се воодушевувам на младите генерации, кои творат и добиваат награди за своите написи посветени на ловороносецот.

Се надевам и посакувам помеѓу овие ученици, кои се денеска тука со нас, да се истакне некој нов уникатен уметнички талент, кој ќе го негува Прличевото дело и ќе ја надополни богатата литературна ризница на Охрид.

Градоначалникот Пецаков кажа дека во таа насока со поддршка на Општина Охрид, преку Одделението за култура обезбедени се две изданија на Автобиографијата на Прличев, отпечатена во Брајово писмо, кои им ги предаде на м-р Милчо Јованоски,  директор на Библиотеката „Григор Прличев“ и на секретарот на Здружението на слепи лица од Охрид, Славчо Џајкоски.

Во спомен куќата чест да прочита беседа за својот предок имаше проф. д-р Александра Ѓуркова, пра пра внука на Григор Прличев од родот  по неговата ќерка Деспина. Народот во себе треба да ја бара мудроста и силата за борба за своето добробитие. Само кога луѓето се сложни можат да ги постигнат своите цели.Со ваа порака од Беседата на Прличев од 1866  го започна обраќањето д-р Ѓуркова и посочи дека само преку слога, разбирање и образование еден народ може да ја покаже својата вредност, достоинство и достојност кон минатите и идните генерации.  Ѓуркова, посочи дека од  беседите на Прличев  можеме многу да научиме во времиња кога македонската држава е поставена пред бројни предизвици и неправди:

–  Како што секој човек треба да се грижи за себе и семејството,така треба да се грижи и за татковината и повеќе од тоа.Кога господ ти вика чувај се,многу појќе ти викат да си ја чуваш таткојната.На таков начин Прличев ја издигнува задачата за грижата за татковината и за заедницата, рече д-р Ѓуркова.

Свежо цвеќе на бистата на Прличев лоцирана пред нашата Библиотека во име на нашата установа положија Елизабета Бојчевска, Владимир Куциноски и Коста Трифуноски.

Беседа во име на Друштвото на писатели на Македонија одржа проф. д-р Кристина Николовска, претседател на Собранието на ДПМ.

– Писателите се меморија на еден народ… Тие се згуснати сонца кои го осветлуваат, победуваат и разденуваат мрачното небо. Небото налик на темната историска ноќ, нашата ноќ која мисионерите Свети Климент, Свети Наум, а потоа и браќата Миладиновци, а потоа и Рацин, како и други големи синови на македонската култура – го разденуваа и осветлуваа во – разден. Таков разден е Прличевиот подвиг, поход кон врвното знаење, но и кон поетската, стихотворска совршеност – триумфално разденета во – ремек-делото „Сердарот“, рече д-р Николовска и додаде:

– Оти само тој – од јазикот – створи сонце, од словата – икони, од нивната взаемна „љубов“ сочини танц, но и мудромислие – а сето тоа како аманет кон нас, кон семето свое, кон поколенијата кои го славиме денес.

Ја чествуваме 130-годишнината од смртта негова и ја славиме 70-годишнината од постоењето на реномираната библиотека која гордо го носи името „Григор Прличев“. Исправени пред бистата поетова, биста на раскошен полиграф, творец, мислител и неуморен деец. Опиен и вознесен од „мирисот“ на буквите кој за него е „мирис на рајот“, овој блескав, апсолутен поет поведе, не само цел народ, туку и цел непрегледен океан напредни мисли преку своите прогресивни идеи и далекусежни визии, рече во својата  беседа проф. д-р Кристина Николовска.

Како дел од чествувањата во Библиотеката „Григор Прличев“ се одржа и традиционалната „Прличева визита“.

На почеток беше промовиран видео материјалот креиран со помош на вештачка интелигенција од Бобан Аврамоски од Охрид посветен на Прличев во кој поетот кажува делови од сопствената Автобиографија и Сердарот. Аврамоски овој видео запис и’ го подари на Библиотеката трајно да го користи во вид на промотивен материјал.

-Годинава по првпат Библиотеката распиша Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на Прличев на локално ниво со идеја догодина да го прошириме на територијата на целата земја. На овој начин започнуваме една нова традиција и почит кон Прличевото дело,  рече директорот на НУ Библиотека м-р Милчо Јованоски.

Претседателката на жирито Татјана Дурнева на Емилија Карафилоска и’ ја врачи првата награда и ја прогласи нејзината беседа на тема „Прличев и ние“ за најдобра во 2023.  Второто место и’ припадна на Алма Шемо а третото на Јован Илоски.

Членови на жирито беа и Весна Антониеска, Љубинка Михајловска, Јован Цветковски и Милчо Јованоски.

Присутните гости  премиерно го проследија аудио-записот, есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од академик Анте Поповски. И тој е дар за Библиотеката од Александар,  синот на поетот Поповски.

Меѓу бројните гости во Библиотеката беа и правнуката на Прличев, Олга и праправнуците Александра и Игор Ѓуркови. Бибилиотеката им подари изданија посветени на патронот Прличев издадени во последните три години.

Прличевата визита како што е редот заврши со песна а почитувачите на Прличев беа послужени по охридски со локум, леблебија и суво грозје.

НУ Библиотека

 

НУ Библиотека

Посетеност: 178
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more

Летно работно време во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
јуни 5, 2025
0
Летно работно време во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

5 јуни, 2025 г. НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 9  јуни ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот. Во терминот од 08:30...

Read more

Утре, промоција на книгата „Основи на сметководството“ од м-р Ирена Бандилова

by Admin
јуни 4, 2025
0
Утре, промоција на книгата „Основи на сметководството“ од м-р Ирена Бандилова

4 јуни, 2025 г.  Утре, четврток од 12.00 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана првата книга од професорката по економија м-р Ирена...

Read more
Next Post
Министерството за култура одобри 19 проекти на НУ Библиотека „Григор Прличев“

И во услови на криза рекорден буџет за НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Министерството за култура

Поврзани вести

Интервју со Коста Фортомар – РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ, АУДИО ЗАПИСИ 2010

јуни 4, 2020
Во ООУ „Св Наум Охридски“ од Пештани беше промовирана Јубилејната стихозбирка „Езерски соѕвездија“

Во ООУ „Св Наум Охридски“ од Пештани беше промовирана Јубилејната стихозбирка „Езерски соѕвездија“

декември 26, 2024
Фотографии од новиот работен простор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Фотографии од новиот работен простор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

декември 9, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 178

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?