BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Нови книги

Промовирана „Мисловно патешествие “ од Наде Ќосеска

декември 23, 2022
in Нови книги
Промовирана „Мисловно патешествие “ од Наде Ќосеска

23 декември, 2022 г.

Вчера во присуство на голем број љубители на пишуваната реч во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана првата  збирка раскази од охридската писателка Наде Ќосеска  насловена „Мисловно патешествие“.

Промотор на книгата беше Томе Скендероски нејзиниот пријател и еден од личностите кои ја поттикна да ја создаде збирката по низата успешни претставувања на дел од нејзините раскази преку социјалните мрежи. Скендероски со доза на одгoворност пред јавноста рече:  -Книгата содржи петнаесет бисерни умствени прикази кои опфаќаат еден концепт на донесување ликови и настани. Среќен сум што Наде на голема врата со оваа збирка влегува на писателската сцена. Сигурен сум дека петнаесетте приказни се дел од нас , сите ние на еден или друг начин ги живееме и доживуваме и оттука слободно можам да речам дека наде е мајстор на кусиот расказ.

Скендероски пред публиката накусо се задржа на дел од расказите и рече:  – Нашата Наде пишува, дава и бара одговори и не тера да размислуваме на пример за следново:  Дали има втора шанса во љубовта? Дали може да има квалитетен живот без партнерска љубов?  Животот не ги сака слабите по дух, егоистите и сите оние кои се плашат од борба и пораз. За нив нема утеха колку и разум и логика да внесуваат во своите оправдувања.

Според Скендероски, убедливо најемотивната приказна  од збирката е „Писмото пристигна во октомври“  … Го срозува читателот до солзи. Трагична е немоќта на мајката да го изгледа своето чедо. Тешко е замисливо нешто пострашно некому да му се случи. Таткото со неговиот машки принцип е сосема друга прикаска и нема слух за женскиот принцип. А за женскиот инстинкт, уште помалку.

Во збирката на пример е објавен  и расказот „Лик“.  Прекрасен расказ за охридската легенда Владо Паунче – Скитник. Легенда уште за време на животот, легенда во филозофијата затоа што патувањето е еден од начините на спознанието, легенда во занаетот, легенда во уметноста и легенда меѓу самите охриѓани.

Неодамна Ќосеска за оваа  збирка раскази ја доби наградата „ Пелистерски ракувања“ од издавачот Дата ПЕСНОПОЈ од Битола. Таа на крајот од промоцијата заблагодарувајќи се рече:  -Ова е значаен ден за мене. Моето перманентно присуство со моите поединечни раскази на социјалната мрежа Фејсбук денеска е крунисана со оваа збирка на кратки раскази што сметам дека ќе ја краси вашата домашна библиотека. Ако оваа збирка раскази дојде како мелем на вашата душа, ја разгали вашата душа и ве поттикне и втурне во некое ново ваше и само ваше мисловно патешествие ќе се исполни во целост мојот сон дека моето творештво конечно ќе ја најде смислата. Целта ќе е постигната и поттикот да не застанам во мојот творечки поход ќе е загарантирана.

Воведничарот на промоцијата Милчо Јованоски, директор на Библиотеката рече дека  збирката уште утре ќе се најде на полиците за издавање, како и во роднокрајното одделение во кое се застапени сите литературни творци од Охрид и тие кои твореле и творат во него.

-Можеби Охрид е мал град, но треба да сме среќни што во него живеат големи луѓе кои во разни области постигнуваат значајни успеси и дела, Наде е една од нив , рече Јованоски.

НУ Библиотека

Посетеност: 140
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Нова книга: КОМПОЗИТОРИТЕ ОД ОХРИДСКИОТ РЕГИОН…

by Admin
април 17, 2025
0
Нова книга: КОМПОЗИТОРИТЕ ОД ОХРИДСКИОТ РЕГИОН…

17 април, 2025 г. Деновиве  излезе од печат книгата  „Композиторите од Охридскиот регион – историја, наследство и влијание“ од д-р Гоце Џуклески  и м-р Наумче Џуклески. -Ова дело...

Read more

Гордана Такец: ШТО Е ЖИВОТОТ АКО НЕМА КОМУ ДА ГО ДАДЕШ СВОЕТО СРЦЕ ?

by Admin
април 3, 2025
0
Гордана Такец: ШТО Е ЖИВОТОТ АКО НЕМА КОМУ ДА ГО ДАДЕШ СВОЕТО СРЦЕ ?

3 април, 2025 г.  На пултот за зајмување побарајте ги  трите нови романи на Гордана Такец: Руски рулет, Балканот е валкан и Нашите испуштени нешта. Писателката Гордана Такец...

Read more

„Искривена демократија“ нова книга од Иван Велјаноски

by Admin
март 25, 2025
0
„Искривена демократија“ нова книга од Иван Велјаноски

25 март, 2025 г. Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од печат излезе стихозбирката „Искривена демократија“ од роднокрајниот поет Иван Велјаноски. Книгата содржи 52...

Read more

„Никогаш пред ил’ потем“ – поема од Андреј ал Асади

by Admin
февруари 7, 2025
0
„Никогаш пред ил’ потем“ – поема од Андреј ал Асади

7 февруари, 2025 г. Пред два дена во рамките на чествувањето на ликот и делото на Григор Прличев“ во Охрид му беше врачена наградата за најдобра поема на...

Read more

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Што сторивме со спомениците и историјата?

by Admin
јануари 28, 2025
0
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Што сторивме со спомениците и историјата?

28 јануари 2025 г.  Историјата на човештвото е и историја на мојата земја, неповторлив дел вграден во сегашноста за да ни ја осветлува иднината. Оваа земја е запаметена...

Read more
Next Post
Се одржа Попладневно поетско матине

Се одржа Попладневно поетско матине

Поврзани вести

По повод патронатот нашата Библиотека бесплатно ќе зачлени ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“

По повод патронатот нашата Библиотека бесплатно ќе зачлени ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“

декември 6, 2024
МАНУ објави Лингвистички атлас на македонските дијалекти

МАНУ објави Лингвистички атлас на македонските дијалекти

мај 26, 2020
По 60 пат отворени „Струшките вечери на поезијата“

По 60 пат отворени „Струшките вечери на поезијата“

август 27, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 140

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?