BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Почина роднокрајниот автор Коста Фортомароски

септември 11, 2022
in Актуелно
Почина роднокрајниот автор Коста Фортомароски

10 септември, 2022 г. 

Вчера во Охрид на 89 годишна возраст почина познатиот охридски просветен работник и писател Коста Фортомароски.

Коста Фортомароски роден е во Охрид во 1933 година во стара охридска фамилија. Основно училиште завршил во Скопје каде работел татко му, но кога почнува војната 1941 година се враќа во Охрид и го продолжува школувањето . Настапуваат тешки години. Рано го губи татко му. По завршувањето на основното училиште учи во Учителската  школа во Битола,а потоа на Виша педагошка школа-македонски јазик во Скопје. По завршувањето на вишата школа се вработува како референт за култура при општина Охрид. Потоа се префрлува во просвета и вонредно го завршува Филозофскиот факултет во Скопје . Се вработува во основното училиште Братство- Единство од каде и се пензионира.

Богатата охридска култура, природните убавини и љубовта кон пишаниот збор биле инспирација за неговото пишување. Почнал со козерии објавени во ,, Просветен работник”, потоа пишувал цртици и раскази. Учествувал на литературни конкурси кои го поттикнувале да продолжи со пишување.

На конкурсот на Радио Охрид  за најдобар расказ во 1977 година добил I награда за расказот ,,Билјана”  кој е печатен во весникот „Езерски глас” и во првиот број на списанието за литература ,,Спизалит”.

Неговите раскази биле објавувани во Нова Македонија. Во 1988 година добил III награда на конкурсот на подлистокот „ЛИК”.

Автор е на следните дела:  романот ,,Прличев горд самјак” (Радио-Охрид1992) и на збирката раскази ,,Бомба во рајот”(Маседонија Прима,1995). Во 2004 г. во издание на „Летра“ се појавува неговиот роман „Жена“. Потоа во 2005 “Пролетта на Живко Чинго”; 2010 “Благословена земја Климентова”;  2015 “Езеро, рибари и боемот” сите во издание на Ирис-Струга.

На 6 декември, 2019 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид писателот Коста Фортомароски го прогласи за почесен член на Библиотеката.

Посмртните останки на Коста Фортомароски утре од 13.00 до 13. 30 часот ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид.

 

НУ Библиотека

 

Посетеност: 197
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Ученички од Холандија волонтираа во нашата Библиотека

Ученички од Холандија волонтираа во нашата Библиотека

Поврзани вести

Утре, промоција на книгата „Основи на сметководството“ од м-р Ирена Бандилова

Утре, промоција на книгата „Основи на сметководството“ од м-р Ирена Бандилова

јуни 4, 2025
Биографијата на Фрнац Кафка напишана од неговиот најдобар пријател Макс

Биографијата на Фрнац Кафка напишана од неговиот најдобар пријател Макс

ноември 16, 2020
Во Скопје Втор форум на Библиотечната унија на НР Кина и ЦИЕ

Во Скопје Втор форум на Библиотечната унија на НР Кина и ЦИЕ

октомври 13, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 197

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?