BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Проф.д -р Анис Сефиданис со интерактивни предавања и мултимедијална изложба

мај 30, 2022
in Актуелно
Проф.д -р Анис  Сефиданис  со  интерактивни предавања и мултимедијална изложба

30 мај,2022 г.

„ Духот од електронската ламбa“  –  Од вакуумски цевки до дигитална свест: развојот на компјутерските процесори и раѓањето на вештачката интелигенција се насловот и поднасловот  на сери јата  интерактивни предавање и мултимедијална изложба со помош на проширена реалност  на проф.д-р  Анис Сефиданис.

Предавањата  од 1 до 3 јуни д-р Сефиданис  на инцијатива на НУ Библиотека „Григор  Прличев “ ќе ги  одржи  во Прличевата  одаја  и   ќе започнуваат во 12 часот, напладне.   Секој ден во рамките на изложбата, за интерактивната АР апликација доволен е мобилен уред со интернет врска, прелистувач и камера.  Теми на изложбата ќе бидат:

  • Законот на Мур

Приказната за компјутерскиот процесор е кратка но експоненцијална. Во средината на минатиот век претседателот на Интел, Гордон Мур, предвидува дека мо ќта на компјутерите и сложеноста на интегрираните кола, а со тоа и алгоритмите, ќе се удвојуваат на секои две години. Овој феномен се потврдил и денес е познат како “Законот на Мур”

  • Тестот на Тјуринг

Тестот на Тјуринг има цел да ја докаже способноста на машините да демонстрираат интелигенција еднаква на нашата. Експериментот се состои од интеракција помеѓу човек-човек и човек-компјутер. Доколку човекот не е во можност да разликува дали разговара со човек или пак машина, вештачката интелигенција го положила тестот на Тјуринг

Се наоѓаме во предвечерието на четвртата индустриска револуција, каде што вештачката интелигенција се очекува да го трансформира секој сегмент од нашиот живот, на еднаков или сличен начин како што тоа го направи електричната енергија.

Присутните ќе имаат можност да ги истражат можностите како и предизвиците на вештачката интелигенција. Заинтересираните можат исто така да го посетат Институтот за експоненцијални технологии “Сефиданис”, каде се наоѓа првиот суперкомпјутер на американската компанија НВИДИА.

Уникатната колекција на Проф. д-р Анис Сефиданис нуди оригинални примероци од најраните претставници на електронските ламби на ИБМ до последната генерација на современите процесори на повеќе хетерогени јадра, кои оперираат со висока фреквенција и паралелност.

Со помош на мобилна апликација која користи проширена реалност, посетителите ќе имаат можност да дознаат повеќе за историјата, архитектурата и примената на секој изложен артефакт.

Изложбата на 6-7 јуни ќе биде поставена во  Центар за култура „Григор Прличев“а од  8-10 јуни на Универзитет „Св. Апостол Павле“

д-р Анис Сефиданис е професор на Факултетот за применети информатички науки, машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Претходно бил декан на Факултетот за информатика на Европски Универзитет во Скопје, а предавал и како визитинг професор на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. д-р Анис Сефиданис е автор на повеќе книги од областа на информатиката, меѓу кои и “Препознавање на облици со помош на машинско учење” и е основач на Институтот за експоненцијални технологии.

Анис е роден во Охрид, 6-ти февруари 1983 година. Средното образование го завршил во Охридската Гимназија, а студиите ги продолжува на Природно – математичкиот факултет при државниот Универзитет во Удине, Италија

НУ  Библиотека

Посетеност: 178
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more

Летно работно време во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
јуни 5, 2025
0
Летно работно време во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

5 јуни, 2025 г. НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 9  јуни ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот. Во терминот од 08:30...

Read more

Утре, промоција на книгата „Основи на сметководството“ од м-р Ирена Бандилова

by Admin
јуни 4, 2025
0
Утре, промоција на книгата „Основи на сметководството“ од м-р Ирена Бандилова

4 јуни, 2025 г.  Утре, четврток од 12.00 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана првата книга од професорката по економија м-р Ирена...

Read more
Next Post
ДПМ: Конкурс „Празник на липите’’

ДПМ: Конкурс „Празник на липите’’

Поврзани вести

 ЛК „Деница“ ќе промовира две книги од Стефан Шорко

 ЛК „Деница“ ќе промовира две книги од Стефан Шорко

април 30, 2025
Ученикот Мартин Трајчески ова лето волонтираше во нашата Библиотека

Ученикот Мартин Трајчески ова лето волонтираше во нашата Библиотека

септември 27, 2024

Почни – започнатото е половина

јули 18, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 178

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?