24 март, 2022 г.
Пред точно 162 години, на 25 март 1860 година во Атина нашиот патрон – поетот и преродбеник Григор Прличев за поемата „Сердарот“ бил овенчан со ловоров венец. Неговата поема била прогласена за најдобра а жирито и критиката го нарекле Втор Хомер.
Утре, точно напладне во НУ Библиотека „Григор Прличев“по тој повод ќе се одржи книжевен портрет посветен на проф.д-р Димитар Пандев. Тој е минатогодишен добитник на Наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка книга во 2021 за делото „Времето на Конески“ („Панили“, Скопје).
Пандев, ќе биде прогласен за почесен член на Библиотеката.
За неговиот животот и творештвото се очекува да говорат поетот Славе Ѓорѓо Димоски, професор Татјана Дурнева и Милчо Јованоски. Извадоци од неговите дела ќе чита средношколката Ана Бачиќ.
НУ Библиотека